Започнаа извонредните атракции и спектакли на ТЕКНОФЕСТ Истанбул

Започнаа иззвонредните атракции и спектакли на ТЕКНОФЕСТ Истанбул кој ги отвори своите врати за посетителите денеска и кој се одржува во организација на Фондацијата Тим за технологија на Турција (Фондацијата Т3) и локалната самоуправа на Истанбул

Започнаа извонредните атракции и спектакли на ТЕКНОФЕСТ Истанбул
Започнаа извонредните атракции и спектакли на ТЕКНОФЕСТ Истанбул
Започнаа извонредните атракции и спектакли на ТЕКНОФЕСТ Истанбул

На просторот на фестивалот беа донесени воени и цивилни воздушни возила и посетителите се стекнаа со можност на резервираните простори да ги видат одблизу беспилотното летала АНКА, националниот борбен авион ТФ-Х, националниот хеликоптер Т625, сателитот Ѓоктурк-2, џетот за обука и авион за блиска поддршка Хурџет, новата генерација авион за темелна обука Хуркуш и националниот хеликоптер АТАК. teknofest başladı

Започнаа манифестациите на Фестивалот за воздухопловство, вселена и технологија ТЕКНОФЕСТ Истанбул организиран од страна на Фондацијата Тим за технологија на Турција (Фондацијата Т3) и локалната самоуправа на Истанбул.

Фестивалот ги отвори своите врати за посетителите денеска (20 септември), а ќе заврши на 23 септември.

ТЕКНОФЕСТ се одржува во новоизградениот аеродром во Истанбул и беше отворен утрово со емитување на музика од главната сцена.

На просторот на фестивалот беа донесени воени и цивилни воздушни возила и посетителите се стекнаа со можност на резервираните простори да ги видат одблизу беспилотното летала АНКА, националниот борбен авион ТФ-Х, националниот хеликоптер Т625, сателитот Ѓоктурк-2, џетот за обука и авион за блиска поддршка Хурџет, новата генерација авион за темелна обука Хуркуш и националниот хеликоптер АТАК. 

Во рамките на фестивалот акробатскиот тим Турски ѕвезди, од најелитните единици на Турските вооружени сили демонстрираа летови кои што траеја приближно 30 минути.

По настапот на Турските ѕвезди се возеше трка во која учествуваше пратеникот на АК Партијата од Сакарја и светскиот шампион на Суперспорт мотоциклистот Кенан Софуоглу кој возеше мотоцикл Кавасаки Х2Р (Kawasaki H2R).

Противници на Софуоглу во трката му беа „Автомобил на Формула 1 на Red Bull Racing“, „Kawasaki H2R“, „Tesla P100 DL“, „Lotus Evora 430 GT“, „Aston Martin The New Vantage“, „Авион Ф-16 на Соло Турк“ и „Специјален џет Challenger 605“.

Трката заврши со победа на Кенан Софуоглу кој возеше „Kawasaki H2R“.

Од друга страна, во придружба на овации, бодрења и аплаузи на големиот број посетители приреди акробатски летови со ниско летање и акробатскиот тим „Соло Турк“.

 



Слични вести