Се шири скандалот со протекување на податоци на Фејсбук

Во најлошото протекување на податоци во историјата на компанијата, Фејсбук првично објави дека биле искористени приватните информации на 50 милиони свои корисници

Се шири скандалот со протекување на податоци на Фејсбук

Фејсбук го зголеми бројот на корисниците погодени од протекувањето на податоците на 87 милиони лица, од претходните проценки од 50 милиони лица, истакна главниот директор за технологија, Мајк Шрефер.

Во најлошото протекување на податоци во историјата на компанијата, Фејсбук првично објави дека биле искористени приватните информации на 50 милиони свои корисници во однос на критичкото политичко гласање во оваа земја и во САД, без согласност од „Кембриџ аналитика“, чие седиште е во Велика Британија.

Шрефер рече дека повеќето од засегнатите корисници се во САД, и додаде: „Ние ќе им соопштиме на луѓето дали нивните информации можеби се несоодветно споделени со „Кембриџ аналитика“.“

Тој рече дека фирмата прави промени за подобра заштита на податоците на корисниците.

„Ние нема повеќе да дозволиме апликациите да бараат пристап до лични информации како што се верските или политичките ставови, брачен статус и други детали, листа на лични пријатели, образование и историја на работа, фитнес-активност, активност за читање на книги, активност за слушање музика, читање вести, активност на гледање видеа и видеоигри“, рече тој.

Извори од Фејсбук минатата недела соопштија дека е можно извршниот директор Марк Закерберг да сведочи пред Сенатот на 10 април.

Двајца американски законодавци вчера изјавија дека Закерберг, исто така, ќе сведочи пред Комитетот за енергетика и трговија на 11 април.



Слични вести