Руската капсула Сојуз безбедно слета во близината на Жесказган

Меѓународната вселенска станица која е формирана со спојување на модулите од страна на Русија, САД, Јапонија, Европа и Канада

Руската капсула Сојуз безбедно слета во близината на Жесказган

Руската капсула Сојуз која ги донесе двајцата американски и еден руски астронаут кои 168 дена се наоѓаа во Меѓународната вселенска станица, слета во близината на казахстанскиот град Жесказган.

Во соопштението кое беше објавено од страна на американската вселенска агенција за вселенски истражувања (НАСА), американските астронаути Џое Акаба и Марк Ванде хеи и рускиот астронаут Александер Мисуркин по 5.5 месечната задача безбедно слетаа на Земјата.

Шатлот кој ги однесе Акаба, Ванде Хуи и Мисуркин во Меѓународната вселенска станица пристигна на 13 септември.

Меѓународната вселенска станица која е формирана со спојување на модулите од страна на Русија, САД, Јапонија, Европа и Канада врши научни истражувања во вселената.



Слични вести