Научниците открија нов метод за утврдување на составот на материјата

Резултатите од истражувањето беа објавени во Европско списание масен спектометар

Научниците открија нов метод за утврдување на составот на материјата

Научниците на Рускиот национален универзитет за нуклеарни истражувања (MEPhI) открија нов метод за утврдување на составот на материјата без да се испитаат стандардните примероци.

Со новиот метод, составот на материјата ќе може да се утврди многу полесно и поевтино.

Традиционалното утврдување на хемискиот состав на материјата налагаа потреба од подготвување стандардни примероци за анализа.

Научниците на Рускиот национален универзитет за нуклеарни истражувања (MEPhI) усовршија нов метод на утврдување на хемискиот состав на материјата кој се нарекува масен спектометар со кој директно може да се утврди составот на материјата.

Резултатите од истражувањето беа објавени во Европско списание масен спектометар (European Journal of Mass Spectrometry).

Овој метод може да се употребува во низа различни сфери во медицината, криминалистиката, утврдувањето на хемискиот состав на материите преку уредите за контрола на аеродромите и железничките станици.

Уредот може да се искористи во утврдувањето на составот на загаденоста на животната околина.

Научниците тврдат дека со новиот метод и уред хемискиот состав на материјата многу полесно и поевтино ќе може да се утврди.

Благодарение на овој нов метод ќе можат да се усовршат и нови верзии на ласерски масни спектометри.



Слични вести