Откриен фосил на најстариот модерен човек

Откритието покажува дека модерниот човек ја напуштил Африка најмалку 50 000 години порано од она што досега се тврдеше.

Откриен фосил на најстариот модерен човек

Научниците открија најстари остатоци од модерниот човек досега а кои не се пронајдени во Африка.

Според објавениот напис во списанието Сајанс бил пронајден фосил на горна вилица со неколку добро очувани заби во пештерата Мислија на планината Кармел во Израел.

Истражувачи од универзитетот Тел Авив и од универзитетот Бирмингем во САД со микро СТ скенери и со тродимензионални виртулени модели ги анализираа остатоците од фосилите и ги споредија со сличните пронајдени во Африка, Европа и Азија.

Анализата покажа дека фосилот потекнува од пред 175 000 до 200 000 години.

Откритието покажува дека модерниот човек ја напуштил Африка најмалку 50 000 години порано од она што досега се тврдеше.

 

 



Слични вести