Кина го исфрли првиот вселенски телескоп во орбитата

Со телескопот се предвидува да се следат црните дупки и промените во вселената, експлозиите на гама зраците и магнетските полиња

Кина го исфрли првиот вселенски телескоп во орбитата

Според веста на кинеската агенција Синхуа, вселенскиот телескоп беше исфрлен од базата Џиучиен во пустината Гоби во севеористочниот дел на земјата.

Телескопот тежок 2,5 тони во орбитата која се наоѓа на 550 км од планетава беше исфрлен со помош на ракетата Долг марш (Џангџинг) 4Б. Со телескопот се предвидува да се следат црните дупки и промените во вселената, експлозиите на гама зраците и магнетските полиња.

Кинеските научници истакнуваат дека со телескопот планираат да испитуваат како вселенските возила ќе ја најдат насоката со помош на пулсирачките ѕвезди а исто така дека ќе ги набљудуваат реакциите на гама зраците на гравитационите бранови.



Слични вести