Наближува датумот на испорака на првиот воен авион Ф-35 на Турција

Потсекретаријатот за одбранбена индустрија на својата сметка на социјалната мрежа Твитер ги сподели снимките од полетувањето на воениот авион Ф-35 со турско знаме од постројките на фабриката Локид Мартин (Lockheed Martin) во сојузната држава Тексас во САД.

На снимките привлече внимание бројот на опашката и турското знаме на авионот. 

Турција својот прв воен авион Ф-35 ќе го прими со церемонија што ќе се одржи на 21 јуни во САД.