(ВИДЕО) Бројот на терористите кои се неутрализирани во Сирија се зголеми на 1528

Бројот на терористите кои се неутрализирани во операцијата „Маслиново гранче“ се зголеми на 1528

Во соопштението кое беше објавено од страна на Турските  вооружени сили (ТВС) беше истакнато дека бројот на терористите кои се неутрализирани во операцијата „Маслиново гранче“ се зголеми на 1528.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Генералштабот беше истакнато дека во рамките на копнените и воздушни операции „Маслиново гранче“ во Африн во Сирија денес биле неутрализирани 43 приврзаници на терористичките организации ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ (ИСИЛ).

Вкупниот број на терористите кои што се неутрализирани во рамките на операцијата која започна на 20 јануари па се до денес изнесува 1528.