Ураганот Флоренс кој ги погоди источните брегови на САД досега одзеде 17 животи

Надлежни соопштија дека поради поплавите и силните ветрови предизвикани од ураганот Флоренс кој ги погоди источните брегови на САД, а потоа се претвори во тропска депресија со послаба моќ, во Северна Каролина досега животот го загубиле 11, а во Јужна Каролина 6 лица.

Вкупниот број на загинати во ураганот се зголеми на 17 лица.