Илјадници лица одржаа протест во главниот град на Грција Атина

На протестите што се одржаа по повод одбележувањето на петата годишнина од убиството на музичарот Павлос Фисас од страна на еден член на екстремно десничарската партија Златна зора, дојде до судири меѓу демонстрантите и полицајците.

Илјадници демонстранти кои се собраа на местото каде што беше убиен Фисас во населбата Керацини во близината на Атина одржаа марш на кој извикуваа слогани против расизмот и фашизмот.

Некои маскирани лица кои сакаа да ја преминат полициската барикада во близината на подрачјето каде што се наоѓа канцеларијата на партијата Златна зора во Пиреја и кои фрлаа камења и молотов коктели се соочија со интервенцијата на полицијата со солзавец. Демонстрантите запалија неколку канти за отпадоци.

Грчките медиуми истакнаа дека и на демонстрациите во Солун што се одржаа по повод одбележувањето на годишнината од убиството на Павлос Фисас беа доживеани слични настани.

34 годишниот Павлос Фисас кој беше познат по левичарскиот идентитет, пред пет години во близината на Атина беше убиен од страна на Јорго Рупакиас член на партијата Златна зора.

Судењето на Рупиас сеуште не заврши.