Претседателот Ердоган на турнеја по Африка

Ердоган на 28 јули ќе престојува во посета на Замбија

Претседателот Ердоган на турнеја по Африка

Во рамките на турнејата по Африка, претседателот Реџеп Тајип Ердоган ќе учествува на Самитот на шефовите на држави и премиери на влади БРИКС (меѓународна политичка организација составена од Бразил, Русија, Индија, Кина и ЈАР) којшто се планира да се одржи од 25 до 27 јули во Јоханесбург, главниот град на Јужноафриканската Република. По самитот на БРИКС Ердоган на 28 јули ќе престојува во посета на Замбија.

Турција на седницата „БРИКС плус“ на Самитот на БРИКС што ќе се одржи на 27 јули беше повикана во својство на привремен претседавач со Организацијата за исламска соработка. Учеството на претседателот Ердоган на Самитот ќе претставува прв контакт на високо ниво меѓу Турција и БРИКС на високо ниво.

Во рамките на посетата на Јужноафриканската Република претседателот Ердоган меѓудругото се предвидува да оствари билатерални средби со лидерите на земјите членки на БРИКС и другите земји кои се поканети на самитот.

Организацијата БРИКС чии членки се земјите кои што го завршија процесот на развој на пазар како што се Бразил, Руската Федерација, Индија, НР Кина и Јужноафриканската Република во суштина претставува еден вид советодавна и платформа за унапредување и развој на меѓусебната соработка. Наведените 5 земји исто како и Турција истовремено се и земји членки на Г20.

Поимот „БРИКС плус“ го одразува процесот кој започна во 2017 со цел да се развие соработката меѓу земјите членки на БРИКС и пазарите во подем и развој како и со меѓународните и регионални организации.

Претседателот Ердоган по посетата на Јужноафриканската Република, на 28 јули ќе замине во официјална посета на Замбија. Ердоган во рамките на посетата на Замбија ќе оствари тет-а тет средба со претседателот на Замбија  Едгар Чагва Лунгу и заедно ќе претседаваат со преговорите меѓу делегациите на двете земји. Главна тема на разговорите ќе бидат можностите за унапредување и развој на билатералните односи и соработка, како и регионалните и меѓународните случувања.

Посетата на Ердоган е прва официјална посета од Турција на Замбија на ниво на претседател  на државата поради што има историско значење. Во рамките на посетата се предвидува да се обезбедат поволни услови за зајакнување и збогатување на билатералните односи и соработката.



Слични вести