Американскиот режисер Марк Хол: Американските медиуми не емитуваат доволно за заканата од ФЕТО

Американскиот режисер на документарниот филм „Убивајќи го Ед“ Марк Хол кој ги истражуваше финансиските малверзации на училиштата на ФЕТО во САД рече: „Иако дадов многу интервјуа за медиумите, многу мал број од нив точно ги претставуваат моите изјави..."

Американскиот режисер Марк Хол: Американските медиуми не емитуваат доволно за заканата од ФЕТО

Американскиот филмски режисер Марк Хол истакна дека американските медиуми посветуваат многу мало внимание на заканата од терористичката организација ФЕТО.

Говорејќи за новинската агенција Анаголија (Anadolu Agency AA), Марк Хол, режисерот на документарниот филм од 2016 година „Убивајќи го Ед“ (Killing Ed), кој ги истражуваше финансиските малверзации на училиштата поврзани со ФЕТО во Соединетите Американски Држави (САД), рече: „Иако дадов многу интервјуа (во врска со заканата која ја претставува ФЕТО) за медиумите овде, многу мал број од нив точно ги претставуваат моите изјави, а повеќето одбиваат да ги објават.“

Тој истакна дека оваа незаинтересираност е недостаток на внимание во врска со терористичката организација ФЕТО, која помина „18 години ширење лажна слика преку високоплатени односи со јавноста и продирање во заедницата.“

Понатаму, тој рече дека многу политички личности во САД, академици и новинари, паднале на лажната слика, создадена од терористичката организација и дека веруваат безрезервно во неа.

„Сега, две години по неуспешниот обид за државен удар во Турција во 2016 година, се откриваат сè повеќе факти што покажуваат дека овој ужасен настан е инициран од ФЕТО“, рече Хол, додавајќи дека медиумите многу сиромашно известувале за активностите на ФЕТО во САД, како и за неуспешниот обид за државен удар во Турција.

Хол констатира дека медиумите ја игнорирале големата сума пари што оваа организација ја добива од американските даночни обврзници.

„Американците кои ја знаат вистината за ФЕТО, ја поддржуваат Турција во нејзините обиди за екстрадиција на водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетулах Ѓулен, кој живее во Пенсилванија од 1999 година“, рече тој.

Во јули 2016 година, терористичката организација ФЕТО, на чело со Фетулах Ѓулен, изведе неуспешен обид за државен удар во Турција, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.

По неуспешниот обид за пуч, Турција побара екстрадиција на Ѓулен од САД и се пожали дека САД не се движат доволно брзо во оваа насока.

ФЕТО стои зад долгогодишната кампања за соборување на власта преку инфилтрација во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.

Терористичката организација ФЕТО има значително присуство надвор од Турција, посебно преку образовните институции кои служат како прилив на приходи за организацијата, вклучувајќи ги и училиштата во САД.



Слични вести