Турција со церемонија во САД го презеде најсовремениот борбен авион Ф-35

Првиот преземен воен авион Ф-35 стана првиот авион од петтата генерација борбени авиони кој е заведен во инвентарот на турските воздушни сили

Турција со церемонија во САД го презеде најсовремениот борбен авион Ф-35

Турција го презеде првиот борбен авион Ф-35 кој со своите супериорни способности како што се ниската видливост, сензорски технологии и радарскиот систем ќе ја зголеми и оперативната ефикасност на своите воздушни сили.

Церемонијата за предавање на првиот авион во рамките на проектот Ф-35 чиј програмски партнер е и Турција се одржа во постројките на „Локид Мартин“ во градот Форт Ворт во сојузната држава Тексас во САД.

На церемонијата присуствуваа функционери на потсекретаријатот за одбранбена индустрија на Турција и високи функционери на турските компании и Локед Мартин кои учествуваат во проектот.

Првиот преземен воен авион Ф-35 стана првиот авион од петтата генерација борбени авиони кој е заведен во инвентарот на турските воздушни сили. 

Првиот борбен авион Ф-35 кој е преземен со број на опашката 18-0001 ќе биде на задача во американската воздухопловна база Лук во сојузната држава Аризона, каде што ќе се користи за обука на пилотите.

По првиот авион Ф-35 во наредните денови ќе и биде предаден на Турција и вториот авион, а во март 2019 година ќе бидат предадени и третиот и четвртиот авион. 

Во текот на обуката на турските пилоти овие борбени авиони ќе останат во САД.

Петтиот и шестиот борбен авион Ф-35 пак кои што ќе и бидат предадени на Турција по завршувањето на нивното производство во ноември 2019 година ќе бидат директно испратени во Турција. 

Од борбените авиони Ф-35 кои со своите супериорни способности како што се ниската видливост, сензорски технологии и радарскиот систем ќе создадат мултиплицирачки ефект во оперативната ефикасност на турските воздушни сили, Турција планира во наредните години да обезбеди 100 борбени авиони. 

Инаку, Турција во програмата за производство на борбените авиони Ф-35 учествува уште од почетокот од 1999 година и турската одбранбена индустрија презема активна улога во производството на овие најсовремени борбени авиони.



Слични вести