Одговор од Ердоган на прашањето „Дали ќе бидат фрлени чекори за бојкотирање и изолирање на Израел “

Претседателот Ердоган на враќање од посетата на БиХ во авионот одговори на прашањето на новинарите „Дали ќе бидат фрлени конкретни чекори по прашањето на воведување санкции, бојкотирање и изолирање на Израел?“

Одговор од Ердоган на прашањето „Дали ќе бидат фрлени чекори за бојкотирање и изолирање на Израел “

Исламските земји се подготвуваат на иницијатива на Турција да ги бојкотираат израелските производи.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во авионот на враќање од посетата на Босна и Херцеговина каде што на 20 мај во недела се состана со Турците кои живеат во Европа, даде значајни изјави за претставниците на печатот.

Ердоган се осврна на чекорите кои што се фрлаат против масакрирањето од страна на израелските војници на Палестинците кои одржуваа мирољубиви протести против пренесувањето на американската амбасада во Ерусалим на 14 мај.

Одговарајќи на прашањето „Дали по самитот на Организацијата за исламска соработка (ОИС) во Истанбул ќе бидат фрлени конкретни чекори по прашањето на воведување санкции, бојкотирање и изолирање на Израел?“, Ердоган рече: „По ова прашање како Организација за исламска соработка (ОИС) донесовме одлука со препорака во правец на бојкотирање на нивните производи. Се надевам дека земјите членки на Организација за исламска соработка (ОИС) ќе почнат со бојкотирање во правец на оваа одлука; на крај веќе не станува збор и за купување на било каков производ од Израел.“

Претседателот Ердоган нагласи дека и Турција на ист начин ќе ја преразгледа оваа состојба и рече: „Како Турција ќе ги поставиме на маса нашите односи со Израел, а особено нашите економски и трговски односи. Пред нас знаете се наоѓаат избори (24 јуни) и по изборите и ние ќе ги фрлиме нашите чекори во оваа насока.“

Потсетувајќи дека како Организација за исламска соработка (ОИС) е дионесена одлука за формирање на независна комисија која ќе го истражува масакрот на Израел врз Палестинците, претседателот Ердоган продолжи со следните зборови: „Меѓутоа и вон формирањето на комисија од овој вид донесовме одлука со препорака за формирање и на мировни сили на Обединетите Нации (ОН) таму исто како во Косово и Босна и Херцеговина. Мислиме дека тоа ќе биде со сила на одвраќање и нема да биде лесно Израел да стрела со куршуми врз силите на ОН.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп во однос на тоа дека ќе биде прекината помошта за северозападна Сирија не е конзистентна и го додаде следното: „Каква помош пружаат САД во северозападна Сирија? Во северозападна Сирија ја има Русија? Оваа изјава не е премногу конзистентна. САД повеќе се кај Менбич. Ионака и помошта на САД таму во моментов е во оружје и муниција на ПЈД/ЈПГ (продолжетокот на сепаратистичко-терористичката организација ПКК). Таму нема активности на САД за хуманитарна помош. Освен тоа во идлиб, во Дума ги нема САД. Секаде таму, тоа подрачје вклучувајќи го Африн е подрачје каде што во моментов Русија и ние водиме заеднички активности.“



Слични вести