Чавушоглу: Израел кој ги масакрира Палестинците ќе положи сметка за тоа

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека Израел кој ги масакрира Палестинците ќе положи сметка за тоа

Чавушоглу: Израел кој ги масакрира Палестинците ќе положи сметка за тоа

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во говорот што го одржа во населеното место Манавгат во Анталија нагласи дека тоа што Израел не полага сметка поради тероризмот што го врши постепено се повеќе ги зголемува своите акции на зулум.

Чавушоглу истакна дека Израел кој ги масакрира Палестинците ќе положи сметка за тоа.

Правејќи проценка на тоа што палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ел-Малики го достави до Меѓународниот кривичен суд досието во врска со израелските масакри, Чавушоглу рече: „Денеска палестинскиот министер за надворешни работи нашиот брат Ријад ел-Малики она што го прави Израел го достави до Меѓународниот кривичен суд. Нема да се откажеме од следење на сето тоа.“ 

Во досието за кое станува збор се внесени политиката на населување на Израел и сите сторени злосторства од 2014 година досега.

Инаку, во отворениот оган од страна на израелските војници врз демонстрантите кои одржуваа мирољубиви протести против пренесувањето на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим на 14 мај и во знак на одбележување на 70-годишнината од Нaкбa (големата катастрофа), животот го загубија повеќе од 60 Палестинци, а над 3 илјади Палестинци беа повредени.



Слични вести