Реакција од Турција на одлуката на Грчкиот врховен суд за пуштање на слобода на едниот од пучистите

МНР на Турција реагираше на одлуката на Грчкиот врховен суд за пуштање на слобода на Сулејман Озкајнакчи, едниот од осумте пучисти кои учествуваа во подлиот обид за воен удар на 15 јули 2016 година на терористичката организација ФЕТО

Реакција од Турција на одлуката на Грчкиот врховен суд за пуштање на слобода на едниот од пучистите

Турција реагираше на одлуката за пуштање на слобода со судска контрола на едниот од 8-те пучисти кои по неуспешниот обид за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) на 15 јули 2016 година, пребегаа во соседна Грција.

Во објавеното соопштение од турското министерство за надворешни работи се нагласува одлучноста на Турција во однос на испорачувањето на пучистите и се вели следното: „Грција покажа дека ги штити пучистите.“  

Во соопштението на министерството се истакнува следното: „Вчера (19 април) Грчкиот врховен суд донесе одлука за пуштање на слобода на Сулејман Озкајнакчи, едниот од осумте пучисти кои учествуваа во подлиот обид за воен удар на 15 јули 2016 година на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) и кои потоа пребегаа во Грција и поднесоа барање за азил во оваа земја.“

И покрај тоа што постојат изјави во врска со тоа дека Озкајнакчи е пуштен на слобода под услови на строга контрола, оваа одлука уште еднаш покажа дека не се преземени неопходните мерки во врска со еден предавник кој учествуваше во обид за воен удар и дека Грција е земја која ги штити и брани пучистите.

Освен тоа грчките функционери даваат изјави за печатот во однос на тоа дека во наредните денови ќе бидат пуштени на слобода и другите предавници пучисти.

Оваа состојба не може да се објасни само како една едноставна примена во врска со времетраењето на мерката притвор како што тврдат грчките функционери. 

Грчкото судство низа пати го одби испорачувањето во нашата земја на овие пучисти предавници кои посегнаа по нашата демократија и ја подготвија основата на ваквиот резултат кој што ја ранува јавната совест.

„Нашата одлучност во однос на испорачувањето на овие пребегнати пучисти и нивното судење во Турција продолжува.“ - се вели во соопштението на турското министерство за надворешни работи.



Слични вести