Турските вооружени сили (ТВС) уништија 103 бомби во Африна во Сирија

Турските безбедносни сили ги продолжуваат активностите за пребарување, а со цел зголемување на безбедноста во подрачјето на Африн кое го ослободуја од рацете на терористите

Турските вооружени сили (ТВС) уништија 103 бомби во Африна во Сирија

Турските вооружени сили (ТВС) во подрачјето на Африн во Сирија уништија 103 бомби кои што биле поставени во куќи од страна на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Турските безбедносни сили ги продолжуваат активностите за пребарување, а со цел зголемување на безбедноста во подрачјето на Африн кое го ослободуја од рацете на терористите.

Во тие рамки синоќа екипите на Турските вооружени сили (ТВС) на оддалеченост од 3 километри од центарот на Африн контролирано уништија 103 бомби од рачна изработка кои што биле поставени од страна на терористите во куќите во овој град.

Турските вооружени сили (ТВС) и Слободната сириска армија (ССА) на 18 март го исчистија подрачјето на Африн од терористите.



Слични вести