Турските вооружени сили и Слободната сириска армија ја зајакнуваат безбедноста во Африн

Турските вооружени сили и Слободната сириска армијаги продолжуваат активностите за зајакнување на безбедноста во Африн, а со цел враќање на населението од ова подрачје назад во своите домови

Турските вооружени сили и Слободната сириска армија ја зајакнуваат безбедноста во Африн

Турските вооружени сили (ТВС) и единиците на Слободната сириска армија (ССА) продолжуваат со активностите за пребарување и чистење на мини со цел зајакнување на безбедноста во подрачјето на Африн во Сирија.

Единиците на Турските вооружени сили (ТВС) и Слободната сириска армија (ССА) започнаа операција против тунелите и засолништата на планината Хасан Дејра во близина на месноста Булбул каде што претходно се криеја терористите на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Ебу Џума, едниот од командантите на Слободната сириска армија (ССА) кои учествуваат во операцијата рече: „Ние како Слободна сириска армија заедно со нашите браќа во турската армија реализираме активности за пребарување на планината Хасан Дејра. По кусо време ќе започнеме со активности на падините на планината.“

Ебу Џума воедно напомена дека ќе бидат реализирани и активности за пронаоѓање и уништување на мините и експлозивните уреди скриени од страна на терористите во подрачјето, а со цел безбедно враќање на жителите на Африн во своите домови.



Слични вести