Ердоган оствари телефонски разговор со Штајнмаер

Двајцата лидери ја потврдија одлучноста во врска со интензивирањето на односите меѓу Турција и Германија

Ердоган оствари телефонски разговор со Штајнмаер

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари телефонски разговор со германскиот претседател Франк Валтер Штајнмајер.

Според извори од кабинетот на претседателот, на средбата биле разменети мислења во врска со билатералните односи.

Двајцата лидери ја потврдија одлучноста во врска со интензивирањето на односите меѓу Турција и Германија.

Претседателот Ердоган надоврзувајќи се на минатонеделниот телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел рече дека Турција е решителна во интензивирањето на дијалогот и соработката со новоформираната влада на Германија.

На телефонскиот разговор беа разменети мислења и во врска со значењето на заедничката борба против тероризмот. Претседателот Ердоган во оваа прилика сподели информации во врска со операцијата Маслиново гранче на Турските вооружени сили во Африн во Сирија.

Двајцата лидери потенцираа на значењето на турската популација која живее во Германија и нивната силна хуманитарна врска меѓу двете земји.



Слични вести