Операција Маслиново гранче: Ослободени 8 села и 2 статешки точки

Турските вооружени сили  и Слободната сириска војска  ослободија 8 села и две стратешки точки во околината на Африн.

Операција Маслиново гранче: Ослободени 8 села и 2 статешки точки

Турските вооружени сили  и Слободната сириска војска  ослободија 8 села и две стратешки точки во околината на Африн.

Како што соопшти турскиот генералштаб од рацете на терористите на ЈПГ/ПКК-ДЕАШ  биле ослободени селата Ѓоз, Јукари Кафердел, Маратах и Шадир во подрачјето градот Африн, југозападно од градот, селата Чолаган и Куран во подрачјето на Џиндерес, на северот, во подрачјето на Булбул, селото Кори Гул и во подрачјето на Мабатли, селото Шатијан.

Во операцијата од терористите се расчистени и ридовите со коти 684 и 717.

Турските вооружени сили  и Слободната сириска војска во рамките на операцијата досега ослободија вкупно 229 стратешки позиции, од кои 190 села и 39 стратешки точки.

Областа Африн е составена од центарот на градот и шест подрачја: Раџу, Булбул, Шејх Хадид, Џиндерес, Шеран и Мабатла. Сите се под контрола на Турските вооружени сили  и Слободната сириска војска, освен подрачјето Мабатла.

 



Слични вести