Чавушоглу во Кувајт се состана со Могерини

На средбата, освен односите меѓу Турција и ЕУ беше разгледана и ситуацијата во Сирија

Чавушоглу во Кувајт се состана со Могерини

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу во Кувајт оствари средби со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедносна политика Федерика Могерини, украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин, министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина Игор Црнадак и министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Унгарија Петер Сијарто одржа билатерални средби.

Според дипломатски извори, министерот за надворешни работи Чавушоглу кој престојува во посета на Кувајт и каде што учествува на Состанокот на министрите за надворешни работи на меѓународната коалиција за борба против ДЕАШ (ИСИЛ) и Меѓународната конференција за повторна обнова на Ирак, се состана со високата претставничка на ЕУ Могерини.

На средбата, освен односите меѓу Турција и ЕУ беше разгледана и ситуацијата во Сирија, како и подготовките за претстојната конференција за април во Брисел под наслов „Иднината на Сирија“.

Министерот Чавушоглу меѓудругото на средбите со украинскиот министер за надворешни работи Климкин, министерот за надворешни работи Црнадак и унгарскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Сијарто размени мислења во врска со билатералните односи и регионалните прашања и проблеми.



Слични вести