Турција ќе продолжи да ги презема сите мерки за заштита на националната безбедност

Преземените мерки не се насочени против сириските Курди, рече Калин

Турција ќе продолжи да ги презема сите мерки за заштита на националната безбедност

Ибрахим Калин, портпаролот на кабинетот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција ќе продолжи со преземање на сите потребни мерки и санкции против сите случувања кои евентуално би можеле да нанесат закана на националната безбедност.

Калин во Истанбул одговараше на прашањата во врска со евентуалната турска операција на Африн кој се приближува.

Калин направи проценка на американската порака дека „ЈПГ (сириската фракција на сепаратистичко-терористичката организација ПКК) нема војска“ и рече дека „Турција активно ќе го следи процесот“.

„Турција ги презеде сите мерки и ќе продолжи со преземање на истите против сите случувања кои евентуално би можеле да предизвикаат закана за националната безбедност“ рече Калин и потенцираше:

„Тоа може да бдие Африн, Џераблус, Мунбич или некои други места на териториите на Ирак, а не само Сирија. Турција како досега така и во иднина без да земе дозвола од никој, без оглед на тоа дали станува збор за закана од сепаратистичко-терористичката организација ПКК, нејзината сириска фракција ПЈД/ЈПГ или ДЕАШ, со самостојно определување и утврдување на местото, времето и начинот ќе продолжи да ги презема потребните мерки. Чекорите што ќе ги преземе и фрли Турција во Африн, Мумбич, Џераблус или некоја друга точка се насочени само за заштита на националната безбедност и уште еднаш сакам да подвлечам дека не претставува некое движење против сириските Курди“ рече Калин.



Слични вести