Генерал Хулуси Акар отпатува во Москва на средба со генерал Герасимов

Во Москва ќе се одржи средба меѓу челниците на турските и руските вооружени сили, а ќе присуствува и шефот на Националната разузнавачка служба на Турција (МИТ), Хакан Фидан.

Генерал Хулуси Акар отпатува во Москва на средба со генерал Герасимов

Началникот на Генералштабот на турската армија генерал Хулуси Акар, отпатува во официјална посета на Русија, каде што ќе се состане со началникот на Генералштабот на Руската армија, Валери Герасимов.

Во Москва ќе се одржи средба меѓу челниците на турските и руските вооружени сили, а ќе присуствува и шефот на Националната разузнавачка служба на Турција (МИТ), Хакан Фидан.

Од турскиот Генералштаб е најавено дека главната тема на состанокот ќе биде регионалната безбедност со фокус врз развојот на настаните во Сирија и мировните процеси што се случуваат во Астана и Женева.



Слични вести