Колку е безбедна Анкара толку е безбеден Вашингтон

Турција заедно со Русија и Иран презедоа иницијатива за постигнување траен мир во Сирија

Колку е безбедна Анкара толку е безбеден Вашингтон

Премиерот Бинали Јилдирим во Анкара одговараше на прашањата на новинарите во врска со актуелните случувања.

На едно прашање во врска со предупредувањето на Турција до своите граѓани кои патуваат за САД, како и претходното предупредување што го направи Вашингтон до своите граѓани кои патуваат за Турција, премиерот Јилдирим рече:

„Освен тоа што е неправда, исто така нема да има никаков придонес кон американско-турските односи. Колку е безбедна Анкара, толку е безбеден и Њујорк. Поставување забрана за патување не е решение. Треба поголема солидарност за глобална борба против тероризмот“ рече Јилдирим.

„Турција го осуди масакрот на невините цивили во сириското подрачје Идлиб. Турција заедно со Русија и Иран презедоа иницијатива за постигнување траен мир во Сирија. Преземањето напади во период кога беа преземени овие иницијативи со цел силите на режимот да се стекнат со поголем  простор на маневар на теренот, секако дека е многу погрешен чекор и остро го осудуваме истиот. Во врска со тоа одржуваме средби со претставниците на Русија и Иран. Ги предупредуваме страните за можните последици, а исто така ги преземаме и потребните мерки. Дојде време кога Русија и Иран треба повеќе да му сугерираат на режимот“ рече премиерот Јилдирим.

„Евентуалниот пораст на нападите во Идлиб можат да предизвикаат нов бран на миграции и нови оштетувања“ предупреди Јилдирим.



Слични вести