Ибрахим Калин : Конекција со Африка во мултиполарен свет

Африка претставува голем континент каде ниту еден модел на партнерство не гради правда заради социјална,економска и географска разноликост.

Ибрахим Калин : Конекција со Африка во мултиполарен свет

 За мене Африка претставува голем континент каде ниту еден модел на партнерство не гради правда заради социјална,економска и географска разноликост.

Ангажирањето кон Африка бара поразличен пристап кон мултиполарениот свет.Поаѓајќи од овој принцип Турција сака да се поврзе со Африка во последната декада.

Африканските земји и понатаму се борат со наследствата од колонијализмот,граѓанските војни, тероризмот, корупцијата,недостатокот од инфраструктура,развојни и еколошки прашања и уште многу други проблеми.

Но тие исто така поседуваат огромен потенцијал со богати ресурси,со младо и динамично население и отвореност кон светот.

Бидејќи Турција во 2005 година ја отпочна својата политика на отворање кон Африка,таа посвети внимание кон оваа динамика и кон овие резултати.

Не случајно е ангажирањето на Турција во сомалија,турскиот модел на развој за сомалија е сега многу подобар во однос на периодот од пред 5 години.

Турската влада и граѓанските организации многу вложија во сомалија за да коже таа да застане на сопствени нозе ,истовремено да не создаде нови форми на експлоатација и зависност.

Во последните десет години Турција го зголеми бројот на амбасадите во Африка,од 12 на 39,со цел во текот на годнава да се достигне бројката од 41 амбасада. Претседателот Реџеп Тајип Ердоган посети 24 африкански држави во последните неколку години и одржа два турски и африкански самити.

На економски план многу африкански држави иако располагаат со природни ресури се борат со сиромаштво и неразвиеност.

Една скора анализа на Светската банка покажа дека овој регион и понатаму претставува предизвик и тоа преку својот економски раст и преостанати кризи . Доходите по глава на жител во периодот 2016/17 година се движат многу под вистинските потреби на населението од овој континет.Според предвидувањата во Субсахарска Африка се очекува економски раст од 3,2 посто во 2018 и од 3,5 % во следната 2019 година. Нема причина да има подобрување во африканската економија.Во услови кога центарот на глобалната економија се движи спротивно од западот кон светот тоа ќе може да значи нови можности за африканските народи да се распространат со својата економија.

Глобалната трговија и инвестициите може да работат во корист на африканските држави чии национални приоритети се следат со дисциплина и решителност.

Претседателот Ердоган изминатите денови посети три африкански држави Судан, Чад и Тнис. Посетата беше прва на ниво на претседател на Турција и имаше за цел подобрување на билатералните политички и економски односи и потпишување на неколку договори за соработка во десетици области.

Во судан пречекот на претседателот Ердоган навистина беше импресивен со иладници кои срдечно го пречекаа претседателот Ердоган со надеж дека ќе дојде до подобрување на односите.Освен во Картум и Порт Судан претседателот Ердоган го посети и историскиот остров Савакин кој што се користи како пристаниште за аџилак.Турската агенција ТИКА обнови две џамии и пристаништето со уште неколку додатни објекти.Освен тоа турција е наголемо ангажирана и во земјоделието на Судан.

Слични сцени се повторија и во Чад каде околу 150 турски бизнисмени се состана со колегите домаќини како би истражиле нови можности за соработка и инвестирање.Чад е една од најсиромашните земји во Африка и и е потребна конструктивна и одржлива помош на различни нивоа.

Во тунис држава со која турција има долги и историски и културни односи,активносттие се покриени со билатерални економски односи и регионални политички прашања,вклучително и Ерусалим и односот меѓу Катар и другите заливски држави. Турција и тунис повторно го потврдија партнерството и во другите регионални полиња.Турција со Тунис застана на почетокот на јасминовата револуција со отворање на нови кредитни линија,едукација на песронал и пружање опрема.

 Треба да се напомене дека африканските земји одиграа исклучително позитивна улога во неодамнешното гласање во Генералното заседание на ОН за статусот на Ерусалим и ја одбија едностраната одлука на САД за прогласување на Ерусалим за главен град на Израел.

Тоа и не чуди многу бидејќи африканските народи се најдобриот одговор за разбирање на маките на палестинскиот народ бидејќи и самите беа жртви на колонијализам,апардхејд и колективно казнување во последните неколку векови.

Африка е многу повеќе слојна него што изгледа на прв поглед.Заслужува да се третира како еднаков партнер на светската сцена.

На Африка и е потребен мир,правда,стабилност а не некои нови облици на експлоатација. Како што светот повторно ја открива Африка Африка се отвора кон светот.Тоа би требало да резултира со заеднички интерес,доверба и партнерски односи.Тоа би требало да биде начин на поврзување на Африка со мултиполарниот свет.

 

 



Слични вести