Ве повикувам окупираниот Ерусалим да го признаете за главен град на Палестина

Сите наведени факти покажуваат дека Израел е окупаторска и терористичка држава

Ве повикувам окупираниот Ерусалим да го признаете за главен град на Палестина

Повик од Ердоган за признавање на Ерусалим за главен град на Палестина

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган ги повика сите земји кои што излегуваат во пресрет на правдата да го признаат Ерусалим за главен град на Палестина.

По едностраното прогласување на Ерусалим за главен град на Израел на 6 декември од страна на американскиот претседател Доналд Трамп како и одлуката за пренесување на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим, денес во Истанбул под покровителство на Турција во својство на привремен претседавач започна самитот на Организацијата за исламска соработка.

Претседателот Ердоган во говорот на Самитот на Организацијата за исламска соработка рече:

„Денес во Истанбул се состанавме со цел да го разгледаме нападот и злосторството што се извршен врз првата кибла на исламот и историскиот статус на џамијата Ал Акса и градот Ерусалим“.

Ердоган во говорот со помош на географски карти ја објасни израелската окупација на Палестина од 1947 година која постепено почна да се шири низ целата земја.

„Сите наведени факти покажуваат дека Израел е окупаторска држава. Освен тоа Израел истовремено е и терористичка држава. Сите оние кои што само неколку минути ќе имаат можност да прошетаат по улиците на древниот град Ерусалим ќе можат да увидат дека градот се наоѓа под окупација“.

„10 годишни деца се приведуваат од страна на терористичките војници и кои ги сместуваат во железни кафези. Им се врзуваат очите и дури се тепа 14 годишно дете и тоа со кундак. Од друга страна пак плаче едно мало девојче кое ја прегрнува мајката која е изложена на немилосрдните удари со кундаците на израелските војници и истото мало девојче го земаат од прегратката на мајката. Ако ова не е окупаторски и терористички начин на однесување, каков начин на однесување е? Дали може да се објасни овој начин на однесување?“

„Одлуката на САД нема никакво значење“ рече претседателот Ердоган потенцирајќи дека „согласно резолуцијата на СБ на ОН усвоена во 1980 година, ниту една земја не може да има амбасада во Ерусалим.“

Реакцијата против одлуакта на Трамп Ердоган ја изрази со следните зборови:

„Не можете да се однесувате самоволно и да помислите дека во светот не се случува ништо ако јас направам нешто. Не треба да заборавите дека не сте сами на овој свет“ рече Ердоган.

„Треба да се интензивира процесот на вклучувањето на Палестина во меѓународните договори. Во својство на исламски земји треба да изнесеме посилна желба и волја за целосно претставување на Палестина. Денес на овој самит треба да се усвои оваа одлука. Ги повикуваме САД што поскоро да фрлат чекор назад во однос на оваа незаконска одлука. Наместо САД која го изгуби епитетот на земја посредник, ги повикувам исламските земји да преземат поголема одговорност за постигнување на светскиот мир. Затоа ве повикувам окупираниот Ерусалим да го признаете за главен град на Палестина“ рече претседателот Ердоган.



Слични вести