Воени маневри меѓу Турција и Катар

Во Доха пристигна првата група турски војници кои отпатуваа за Катар заради учество во заедничките турско-катарски воени маневри

Воени маневри меѓу Турција и Катар

Во Доха пристигна првата група турски војници кои отпатуваа за Катар заради учество во заедничките турско-катарски воени маневри.

Министерството за одбрана на Катар соопшти дека турските војници првата воена вежба на обука ја одржале во базата Тарик бин Зијад.

Министерството за одбрана на Катар додава дека воените маневри на турската и катарската армија биле планирани пред да се појави катарската криза и дека истите претставуваат дел од активностите за унапредување на одбранбените можности на војските на двете земји.

Во воената база Тарик бин Зијад во Катар моментално присуствуваат близу 200 турски војници.

 



Слични вести