Актуелно 24-017

Ера на тероризам и хипокризија

Актуелно 24-017

Група терористи на ПКК на 9-ти јуни во месноста Козлук кај Батман натоварија едно возило со експлозив, отворија оган врз службеното возило на градоначалникот Вејси Ишик а потоа го активираа експлозивот во возилото пред еден контролен пункт на жандармеријата. Градоначалникот Ишик се спаси, додека во истиот терористички напад загинаа 22 годишната наставничка по музичко воспитување Шенај Ајбуке Јалчин која се наоѓаше во едно друго возило и војникот Сонер Фазлиоглу.

Последниот терористички напад на ПКК претежно беше занемарен од страна на странските медиуми. Единствено весникот Дејли Сабах и некои други медиуми во Турција кои се објавуваат или емитуваат на англиски јазик, ниту еден странски новинар не покажа интересирање кон трагичната смрт на младата девојка. Бидејќи овој настан не се поистоветуваше со мислењето кое владееше во Западните земји за терористичката организација ПКК и нејзиното сириската фракција ЈПГ. Сите оние кои што вложуваат напори да ја оправдаат борбата на ПКК и не ги испуштаат сите прилики да и даваат поуки и препораки на Турција за тоа како треба да се води дијалог и преговори во борбата против тероризмот и овојпат не почувствуваа потреба да го осудат терористичкиот напад ниту пак да испратат порака со сочувство. Затоа напорите за дијалог и преговори, особено на меѓународните медиуми не се применуваат кога станува збор за препораките кои би можеле да ги препорачаат на западните земји во борбата против ДАЕШ или Ал Каеда. Овој факт не потсетува дека живееме во ера која е исполнета со толку многу двојни стандарди од аспект на тероризмот и хипокризија кои немавме можност да ги видиме никогаш во минатото.

Познато е дека историјата на терористичката организација ПКК е исполнета со напади врз невините учители, наставници, политичари и други невоени лица. Наведената терористичка организација од 1984 година наваму ја презеде одговорноста за убиството на над 150 учители и наставници. Нападите кои беа извршени против учителите и наставниците имаа за цел да го поткопаат авторитетот на државата, да ги лишат курдските деца од правото на образование и отстранат другите учители и наставници од работа во источните и југоисточните предели на земјата. Цел на некои најпотресни напади на терористичката организација ПКК беа токму учителите и наставниците. Имено само во септември 1994 година, терористите на ПКК ги киднапираа учителите на шест државни училишта во Тунџели со цел да ги убијат, додека локалното население го принуди да ги следи убиствата. Само четири месеци по овој немил настан, четири учители и наставници во Текман кај Ерзурум беа убиени од страна на терористите на ПКК. Несомнено дека овие информации беа објавени во медиумите. Но ниту едно од овие убиства и масакри на ПКК не зазедоа некое позначајно место во свеста на граѓаните на запад, бидејќи овој нивен злосторнички чин не се поистоветуваше со лицемерните реторики на запад кој терористите на ПКК ги прикажува во една поинаква светлина, односно дека тие наводно се хуманитарни и слободарски борци против ДЕАШ.

Терористичката организација ПКК до денес изврши безброј напади врз невооружените приврзаници на безбедносните сили кои според меѓународното право се сметаат за невоени лица. Освен овие напади, во мај 1993 година терористичката организација ПКК немилосрдно уби 33 невооружени војници на автопатот Бинѓол – Елазиг во источна Турција. Во нападот со возило натоварено со експлозив на една воена касарна во Кајсери во ноември 2016 загинаа 13, а 36 војници беа повредени. Пропагандите медиуми на терористичката организација во Австрија и Германија упатија пофални зборови на сметка на овие крвави напади. На средбите со европските соговорници кога им ги изнесуваме овие податоци и информации, тие преферираат да се сокријат во позадината на слободата на говорот и изразувањето. Од кога слободата на печатот може да се злоупотребува и да се врши пропаганда на терористичка организација?  Зарем западните земји под било кој изговор ќе дозволат да се фали тероризмот?

Секако дека не. Европа и САД, особено по последните терористички напади во нивните земји уште повеќе ќе ги зајакнат безбедносните мерки и санкции со цел да ги заштитат своите граѓани. Преземањето на овие мерки и санкции секако дека е нивно право и никој не може да ги обвини. Но зошто кога станува збор за борбата против тероризмот на Турција, ние сме принудени да се бориме со двојни стандарди и хипокиризија?

За голем број аналитичари овој став се коментира како „тоа е добро за ориентот“ (bon pour l'orient). Евроцентризмот е проширен се до најдлабоките корени  на постоечкиот светски поредок. Гледано од тој аспект, тероризмот е итно прашање кое треба да се реши единствено кога се коси со интересите на Запад. Кога валканото лице на тероризмот ќе се појави во некои други места во светот, тогаш ова прашање станува незначајно. Но не треба да се заборави дека овој став самостојно се разгорува. Ако се земе во предвид податокот дека во период кога постепено расте меѓусебната зависност меѓу државите, кога сите не се во безбедност, тогаш никој не може да биде во безбедност. Блиската историја на тероризмот не подучи барем на тоа.

Во изминатите години западните медиуми терористите на ПКК/ЈПГ ги промовираа како модел примери. Во октомври 2014 кога траеја судирите меѓу ДАЕШ и ЈПГ во Кобани, француското списание Мари Клер наиде на критики поради пофалбите на едно 12 и 14 годишно дете чии фотографии во редовите на ЈПГ беа објавени на страниците на списанието. Едиторите на списанието кои ја потврдија информацијата за возраста на децата, децата војници ги презентираа како влијателни фигури. И натаму продолжуваат активностите за оправдување на злосторствата на ПКК и доделување нов имиџ на терористите. Во едно списание објавено во март 2017 година во весникот Њујорк тајмс без да се спомене името на терористичката организација ПКК се истакнува дека во Турција се забележуваат активностите на две терористички групи и се употребува изразот „секуларните Курди и милитантите на ДАЕШ“. Во една друга вест пак се истакнува дека лидерите на терористичката организација ПКК преферираат да се обучуваат машки и женски милитанти и на тој начин да се постигне полова рамноправност.

Страшно е тоа што веста за убиството на Шенај Ајбуке Јалчин, не наиде на доволен оддек во странските медиуми па може да се рече дека не ни беше објавена. Терористите на ПКК кои од страна на целиот свет се третираат за терористи и терористичка организација, ги убиваат сите оние кои што им излегуваат на пат. Додека не сакаат да се третираат како злосторници, Истите терористи денес имаат контрола над северниот дел на Сирија. Според меѓународните организации како што е „Аменсти интернешнел“ истата организација врши возено злосторство против оние кои што не се Курди и опозиционерските Курди, односно ги протеруваат од родните места или ги затвораат. Западните медиуми секако дека овие информации на своите читатели овие вести им ги доставуваат на еден поинаков начин. Истите информации немаат некој хегемонистичка реторика бидејќи не им се посветува доволно внимание поради што не може да се врежи во свеста на граѓаните на Запад, како што тоа го прават медиумите кога станува збор за некои други информации и кои ги објавуваат по неколку пати на дене или во неделата.

Во период кога се доживуваат сите овие случувања, младата учителка Шенај Ајбуке Јалчин која во октомври беше именувана да ја врши должноста во Батман каде што ќе ги подучуваше младите и сиромашни деца и преку социјалните медиуми споделуваше насмевки за тоа колку е среќна, за жал беше убиена од страна на терористите Во знак на сеќавање и оживување на спомените на оваа млада учителка и низа други храбри млади исполнети со елан, морална и етичка одговорност припаѓа на сите граѓани на планетава да водиме беспоштедна борба против реториките на хипокризија.



Слични вести