Турски печат 14.03.2018

Преглед на денешниот турски печат

Турски печат 14.03.2018

Весникот Хабертурк во веста под наслов  „Турција и Америка се договорија за Мунбич“ истакнува дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој што престојува во официјална посета на САД рекол дека на турско-американскиот состанок на 19 март ќе се постигне договор за Мунбуч. Кога терористите на ПКК/ПЈД/ЈПГ ќе се повлечат од Мунбич безбедноста во градот ќе ја обезбедуваат турски и американски војници.

Весникот Сабах во веста под наслов „ Турција жестоко го осуди нападот на палестинскиот премиер“ истакнува дека Турција остро го осуди нападот на конвојот на палестинскиот премиер Рами ел Хамдалах во Газа.Во официјалното соопштение издадено по тој повод од турското МНР се вели дека жестоко се осудува  вооружениот напад на конвојот на премиерот Хамдалах во Газа, дека на повредените им се пожелува брзо оздравување и се бара од надлежните што поскоро да бидат откриени сторителите на нападот.Се повикуваат исто така палестинските браќа да не паднат под влијание на вакви и слични провокации.

Весникот Хуријет во веста под наслов „ Добра вест од ОЕЦД за Турција“ истакнува дека ОЕЦД го објави економскиот извештај за земјите во преодниот период.Според извештајот Турција во 2017 година во споредба со претходната 2016 година оствари економски раст од 6,9 посто.

Весникот Ватан во веста под наслов „ Стопостотен раст во бројот на холандските туристи“ истакнува дека годинава рекорден број на холанѓани планираат летниот годишен одмор да го поминат во Турција. Ослонувајќи се на холандските медијуми весникот Ватан пишува дека во споредба со 2017 година за сто посто бил зголемен бројот на туристите од Холандија кои изразиле желба да летуваат на турската ривиера.

 

 



Слични вести