Турски печат 14.02.2018

Преглед на денешниот турски печат

Турски печат 14.02.2018

Весникот Сабах во веста под наслов „Удривте на цвста карпа“ истакнува дека премиерот Бинали Јилдирим во говор на народен собир во Елазиг се осврна на помошта која САД ја дава на терористичката организација ЈПГ во Сирија и рече: Оваа работа не е толку лесна,овој пат удривте на цврста карпа.

Весникот Ватан во веста под наслов „ Изјава на генералниот секретар на НАТО за Турција“ истакнува дека, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за воната операција на турските вооружени сили во Африн Сирија рече: Турција има легитимно право да биде загрижена. Ниту една земја членка на НАТО не се соочува со толку терористички напади како Турција.Турција има право да го реши овој безбедносен проблем.

Весникот Хабертурк во веста под наслов „Шимшек:До јуни ќе заврши рокот за регулирање на девизните долгови на големите компании“ истакнува дека потпретседателот на владата задолжен за економија Мехмет Шимшек на конференција за печатот изјави дека до јуни годинава ќе заврши рокот за регулирање на девизните долгови на крупните компании.

Весникот Стар во веста под наслов„ Турски бизнислеми ќе основат град на туризмот во Судан“ истакнува дека пратеникот на АК партијата Шахин Тин изјави дека турски бизнислеми ќе основат град на туризмот во Судан. Тој додаде дека заради реализација на оваа идеја било разговарано со градоначалникот на подрачјето Црвено море и било договорено во Порт Судан да се основа туристички град со 10 000 жители чија изградба ќе чини 250 милиони долари.

 

 



Слични вести