Турски печат 12.01.2018

Преглед на денешниот турски печат

Турски печат 12.01.2018

Весникот Хабертурк во веста под наслов „Ердоган: Нема да успеат напорите на оние кои сакаат да се формира држава во северот на Сирија“ истакнува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган на 43.состанок со претседателите на локалните власти што се одржа во претседателската палата во Бештепе Анкара за случувањата во северот на Сирија рече: Моментално има средини кои сакаат да се воспостави коридор за терористите во северот на Сирија, ете тие територии беа во составот на националните граници и никој не треба да ја заборави оваа наша осетлива точка. Ете токму затоа нема успеат напорите на оние кои сакаат да се формира држава во северот на Сирија.“

Весникот Сабах во веста под наслов „ Ќе се состанат Ердоган и Меркел“ истакнува дека, Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу рече дека по формирањето на владата во Германија, претседателот Реџеп Тајип Ердоган ќе ја покани германската каннцеларка Ангела Меркел.Претседателот Ердоган по формирањето на владата во Германија ќе ја покани канцеларката Меркел да дојде во посета на Турција или претседателот Ердоган ќе замине во посета на Германија. Турција е на страната на нормализирање на односите со Германија,подвлече министерот Чавушоглу.

Весникот Стар во веста под наслов “ ЕУ треба да ги подобри односите со Турција“ истакнува дека,премиерот на Бугарија Бојко Борисов изјави дека Бугарија сака да се подобрат односите со на ЕУ со Турција во периодот на претседателствувањето на Бугарија со Европската унија, секако дека унијата треба да вложи напори за да ги подобри односите со Турција, подвлече премиерот Борисов. Тој додаде дека Турција е членка на НАТО и одигра голема улога во запирањето на бранот бегалци од Блискиот исток кон Европа.

Весникот Хуријет во веста под наслов „ Патувањето од Истанбул до Измир ќе се скрати за 3,5 часа“ истакнува дека при крај се градежните работи околу довршувањето на изградбата на новиот автопат Гебзе-Османгази-Измир кој патувањето од Истанбул до Измир, а кое сега трае цели 9 часа, ќе го намали за 3,5 часа. На автопатот ќе бидат поставени 36 надвожњаци , 3 тунела, 20 наплатни рампи,25 крстосници,2 пункта за поправки на патот и уште 3 пункта за поправки на тунелите.

Весникот Јени шафак во веста под наслов „Откриен досега непознат инсект во Ушак“ известува дека агрономот Ердал Зенгин реализирајќи истражување во Ушак открил досега непознат инсект во стапиците за инсекти кои што ги поставувал во околината.Инсектот бил од родот Торимидае ,бил во жолта боја, со големина од 1,88 милиметри и со црвени очи,така да го добил името Мегастигмус усакенсис. Зенгин фотографијата на новооткриениот инсект ја испратил на проф.др. Миктат Доганлар кој 45 години работи како ентомолог, така да после деталната анализа било утврдено дека се работи на нов досега неоткриен род на инсекти.

 



Слични вести