Турски печат 13.10.2017

Преглед на денешниот турски печат 13.10.2017

Турски печат 13.10.2017

Весникот Стар во веста под наслов „Ердоган му порача на Западот: Ќе се помирите со силна Турција“ истакнува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган на состанок со гувернерите на поголемите градови на Турција што се одржа во претседателската палата во Бештепе во Анкара даде значани пораки до САД и до светот. Потенцирајќи дека Турција доживува силен подем и развој на сите полиња претседателот Ердоган рече дека одредени средини не можат да се помират со фактот дека Турција е силна, визионерска и просперитетна држава. Претседателот Ердоган рече дека најдобриот доказ за тоа е токму напнатоста која деновиве се забележува во односите меѓу Турција и САД. Турција веќе нема потреба од никој, тоа треба да им биде јасно на сите„подвлече претседателот Ердоган.

Весникот Хабертурк во веста под наслов „ Домашното оружје поквалитетно од американското“ истакнува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека од сега натаму турската полиција нема да го користи оружјето  Сиг Сауер, бидејќи во Турција се произведуваат домашни пиштоли или домашни пушки. Се додека купуваме оружје од надвор ние сме троми, така да од сега самите ќе произвоедуваме оружје и ќе се ослонуваме на сопствените сили. Турскта одбранбена индустрија после оваа изјава на претседателот Ердоган се преориентира кон проекти за производство на домашно оружје. Во моментот домашната пушка МРТ-76 е единствената која може да ги помине сите тестови на НАТО.

Весникот Сабах во веста под наслов „Докажана поврзаноста на вработениот во американската амбасада со ФЕТО“ истакнува дека,како одговор на американсккиот амбасадор Џон Баас за тоа дека немало докази за поврзаноста на вработениот во американскиот генерален конзулат во Истанбул ,кој турската полиција неодамна го упаси за вмештаност со терористичката организација ФЕТО, нашиот весник дојде до интересни докази кои го потвруваат токму тоа. Весникот објави снимени телефонски разговори на уапсениот со припадници на ФЕТО, така да сега вниманието е фокусирано на создржината на тие негови разговори.

Весникот Јени Шафак во веста под наслов „Турција стапи во акција за воспоставување на бесконфликтна зона во Идлиб“ истакнува дека откога специјалните единици за извидување ја завршија својата работа на теренот првата турска воена формација синожа во ноќните часови пристигна во Идлиб, Сирија. 8 тенка, 50 оклопни воени возила и околу 200 турски војници синоќа во 23.05 часот по локално време пристигна во Идлиб во месноста Кефер Луси. Конвојот цело време беше следен од турски беспилотни летала , а локалното население со радосни извици го пречека турските војници.

 

 

 

 



Слични вести