Турски печат 19.06.2017

Преглед на пишувањето на денешниот турски печат

Турски печат 19.06.2017

Весникот Ватан во веста под наслов „ Турски печат на Париз Аерошоу“ истакнува дека утре се отвора најголемиот светски аеро и вселенски саем Париз Аерошоу.Саемот е поставен во халите на аеродромот Ле Буке во главниот град на Франција,Париз. Истиот ќе послужи за презентација и промоција на најновите достигнувања во аеро и во вселенcкта индустрија како на француските така и на светските и на турските компании. Турската компанија ТАИ  има големи очекувања од саемот пред се со нејзините последни проекти како што е првиот турски веспилотен авион Хуркуш, дизајниран и произведен во Турција. Авионот располага со 12 седишта, тежи 6 тона, и може да се користи и за цивилни и за воени потреби. На саемот Париз Аерошиу ќе биде поставено и турското беспилотно оружано летало  Т129АТАК исто така дизајнирано и произведено во ТАИ, Турција.

Весникот Хабертурк во веста под наслов „Турско-американски договор за Ф-35“ известува дека 11 земји меѓу кои и Турција се договорија за набавка на 440 авиони Ф-35 со вкупна вредност од 37 милијарди долари. Ф-35 или познати како невидливи авиони се произведуваат од 2006 година и се опремени по последна технологија. Авионот Ф-35 исто така ќе биде поставен на светскиот аеро и вселенски саем во Париз. Претставниците на 11 'те земји заинтересирани за купување на Ф-35 минатата недела се состанаа во Балтимор во САД во обиколка на производствените хали на групата Нортроп Груман. Меѓу заинтересираните 11 земји освен Турција се и Австралија, Данска, Израел, Италија, Јапонија, Холандија, Јужна Кореја, Британија и САД.

Весникот Стар во веста под наслов „ Турската армија ќе изведува зеднички маневри со катарската“ истакнува дека во Доха пристигна првата група турски војници кои отпатуваа за Катар заради учество во заедничките турско-катарски воени маневри.Министерството за одбрана на Катар соопшти дека турските војници првата воена вежба на обука ја одржале во базата Тарик бин Зијад.Министерството за одбрана на Катар додава дека воените маневри на турската и катарската армија биле планирани пред да се појави катарската криза и дека истите претставуваат дел од активностите за унапредување на одбранбените можности на војските на двете земји.

Весникот Сабах во веста под наслов „ Турскиот брод Шефкат на пат за Газа“ истакнува дека бродот со товар од околу 10600 тони храна, училиштен прибор, детски играчки, велосипеди и бајрамска облека тргна на пат кон окупираната Газа за да ги израдува  палестинските деца на Рамазан Бајрам.

Весникот Јени Шафак во веста под наслов „ Исламот го објаснија со Ружи“ известува дека младинските ограноци на Исламската заедница на Данска организираa акција под наслов „Јас сум муслиман“. Во рамките на акцијата на плоштадите во данските градови се поставија шатоrи  опкружени со макети на минариња. Целта на акцијата е да се прикаже вистината за Исламот како религија за да се избришат предрасудите кои вледеат во дел од запaдноевропските држави за Исламот и за исламската религија.

 



Слични вести