Помпео: Трамп посакува да се состане со Рухани, но барањето треба да пристигне од иранска страна

Американскиот државен секретар Мајк Помпео истакна дека претседателот Трамп посакува да се состане со иранскиот претседател Хасан Рухан на маргините на 73. заседание на Генералното Собрание на ОН, но рече дека барањето треба да пристигне од иранска страна

Помпео: Трамп посакува да се состане со Рухани, но барањето треба да пристигне од иранска страна

Американскиот државен секретар Мајк Помпео беше гостин во програмата на американскиот телевизиски канал „NBC“ и притоа истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп на 73-тото заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации (ОН) што ќе се одржи оваа недела посакува да се состане со иранскиот претседател Хасан Рухани.

Помпео го употреби изразот „претседателот Трамп чувствува задоволство од средба со секого во секој момент и е доста отворен по ова прашање“, меѓутоа застана во одбрана на тоа дека барањето за средба треба да пристигне од иранскиот лидер Хасан Рухани.

Американскиот претседател Доналд Трамп во своето минатогодишно обраќање пред Генералното Собрание на Обединетите нации (ОН) кое ќе биде домаќин на повеќе од 140 шефови на држави и премиери и се закани со „уништување“ на Северна Кореја поради нејзината нуклеарна програма, додека во своето годинашно обраќање се очекува да ја постави на мета Иран.

Освен тоа, Трамп ќе претседава и на седницата на тема „Иран, нуклеарниот договор и оружјето за масовно уништување“ што ќе се одржи на 26 септември, а по повод претседателствувањето на САД со Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) за месец септември.

Од друга страна, и покрај тоа што официјално е соопштено дека иранскиот претседател Хасан Рухани ќе учествува на седниците на 73-тото заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации (ОН), како што се вели, се зголемуваат притисоците врз Рухани за да не отпатува во Њујорк за да не ги слуша навредите на Трамп против Иран.

 



Слични вести