Соборувањето на рускиот авион е вистинска трагедија

Реакцијата на Москва ќе биде зајакнување на безбедноста на руските единици во Сирија

Соборувањето на рускиот авион е вистинска трагедија

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека соборувањето на рускиот авион во Средоземното море е вистинска трагедија.

Во изјавата за печатот во врска со соборувањето на рускиот авион од страна на силите на режимот на Асад Путин рече дека по се изгледа дека овој настан претставува последица на верижни трагични настани.

Реакцијата на Москва ќе биде зајакнување на безбедноста на руските единици во Сирија.

Од друга страна пак израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во врска со соборувањето на рускиот воен рече дека ова прашање ќе го разгледаат на телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

Висок дипломатски израелски извор кој што сакаше да остане анонимен рече дека телефонскиот разговор меѓу Нетанјаху и Путин ќе се оствари во најскоро време.

Еден друг дипломатски извор во изјавата за локалните медиуми рече дека политичките и воени претставници на Израел и Русија се в постојани контакти по повод соборениот авион.

Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на израелското радио беше истакнато дека се одбиваат руските обвинувања за соборувањето на воениот авион, поради што беше изнесено тврдењето дека одговорноста за овој настан припаѓа на силите на режимот на Бешар Асад и Иран како и Хезболах.

Во денешното соопштение кое беше објавено од страна на Министерството за одбрана на Русија беше истакнато дека рускиот воен авион од типот Ил-20 кој вчера заедно со 15 војници исчезна од радарот за време на надлетувањето над Сирија, беше соборен од страна на ракетата на воздушно-одбранбениот систем на режимот на Сирија.

Рускиот министер за одбрана Шојгу кој поради овој настан го обвини Израел, во изјавата за печатот рече дека сета одговорност за соборувањето на рускиот воен авион и смртта на екипажот припаѓа на Израел.



Слични вести