Помош од Пентагон за терористичката организација ПКК/ПЈД

Новинската агенција Анадолија го објави документот за одбранбениот буџет за фискалната 2019 година кој што ги содржи и деталите на буџетот  за Евентуални прекуокеански операции познат и како „фон за војна“

Помош од Пентагон за терористичката организација ПКК/ПЈД

Американскиот секретаријат за одбрана Пентагон за буџетот за 2019 година поднел барање за доделување помош во оружје и муниција на група во Сирија составена од 60 илјади до 65 илјади лица во чии рамки делува и сепаратистичко-терористичката организација ПЈД/ПКК.

Новинската агенција Анадолија го објави документот за одбранбениот буџет за фискалната 2019 година кој што ги содржи и деталите на буџетот  за Евентуални прекуокеански операции познат и како „фон за војна“. 

Во документот под наслов „Евентуални прекуокеански операции за фискалната 2019 година: Образложенија за фондот обучи-опреми против ДЕАШ“ се наведува дека американската администрација поднела барање за оружје, муниција и воена опрема за група во Сирија составена од приближно 60 илјади до 65 илјади лица од кои 30 илјади во централниот дел на долината на Еуфрат каде што продолжуваат судирите и  35 илјади лица во областите земени од ДЕАШ.

Во документот се вели следното: „Предлог-буџетот за фискалната 2019 година овозможува целосно финансирање на програмата обучи-опреми во Сирија за спасување на териториите кои што претходно беа под контрола на ДЕАШ, воспоставување на безбедноста и одбрана на истите, како и обезбедување на потребите на локалните заеднички сили од кои 35 илјади сили за внатрешна безбедност и 30 илјади сили за борбени активности.

Во истиот документ се привлекува внимание дека 162,6 милиони долари од вкупниот буџет од 300 милиони долари се одделени за оружје, муниција, превозни средства и друг вид опрема, 8 милиони долари за материјали за основни животни потреби, 28 милиони диоларфи за транспорт и распоредување и 101,5 милиони диолари за оперативна поддршка.

Меѓу оружјето од кое што постои потреба се набројуваат 25 илјади автоматски пушки калашникови AK-47, 1.500 митралези, 500 тешки митралези, 400 ракетни фрлачи RPG-7, 95 снајперски пушки, 20 минофрлачи од 60 милиметри и 60 минофрлачи од 120 милиметри.

За сиве овие видови оружја се бараат 47 милиони долари, а внимание привлекува и тоа што се бара и муниција во износ од 24 милиони долари.

Од друга страна за пограничната безбедност во Ирак и во Сирија се одделени 250 милиони долари од буџетот на САД.



Слични вести