Нови напади на Асадовиот режим против опозиционерите

Асадовиот режим и поддржувачите по воспоставување на контролата во Источна гута во главниот град Дамаск се упатија кон местата кои што ги држат под опсада во градот Хомс во централниот дел на земјата

Нови напади на Асадовиот режим против опозиционерите

Режимот на Бешар Асад во Сирија и неговите поддржувачи започнаа операција на областите кои што ги држат под опсада во руралното подрачје во северниот дел на градот Хомс.

Досега во операцијата се заземени 6 места.

Асадовиот режим и поддржувачите по воспоставување на контролата во Источна гута во главниот град Дамаск се упатија кон местата кои што ги држат под опсада во градот Хомс во централниот дел на земјата.

Според добиени информации од Новинската агенција Анадолија во Хомс, режимските сили во последните три дена ги зазедоа селата Вади ел Хуббије, Вади ел Курбат, Ардул Џасије, Ард Кабир еш Шејха, Захрат Џебаби и Захрат Џесије. 

Сириските режимски сили едновремено со копнената операција извршија силни авионски, топовски и ракетни напади врз населени места Телбисе и Расртан, кампот Маллук и помалите места населени со цивили како Дејр Фул, Мушрефије, Зарафани, Тирмала во руралното подрачје на северниот дел на градот Хомс.

Локални извори информираат дека првенствена цел на режимот е да се воспостави контролата на патот Саламије кој што го поврзува градот Алепо со северниот дел на градот Хомс.

На тој начин сирискиот режим и неговите поддржувачи имаат за цел да натрупат свои сили и оружје на овој пат и да започнат обемна оперцаија за заземање на површината од 592 квадратни километри која се наоѓа под контрола на опозиционерите.

Во северниот дел на градот Хомс 5 години како се држат под опсада 200 до 250 илјади лица. 

Режимот по пет годишна опсада и со реализирање на силни напади минатата недела ја зазеде  Источна Гута во главниот град Дамаск.  

 



Слични вести