Две бази во Дамаск и Хомс биле цел на воздушен напад

Режимот соопшти дека повеќето од проектилите по нападот на 14 април биле погодени од страна на воздушно одбранбените системи

Две бази во Дамаск и Хомс биле цел на воздушен напад

Режимот на Бешар Асад во Сирија го изнесе тврдењето дека две воздушни бази во Дамаск и Хомс биле цел на напад.

Според тврдењето на официјалната новинска агенција САНА на режимот на Асад, синоќа по полноќ во воздушниот простор на Хомс влегле непознати проектили.

Агенцијата САНА го изнесе тврдењето дека проектилите биле погодени од страна на воздушно одбранбениот систем.

Извори блиски на војската на режимот исто така го изнесоа тврдењето дека цел на воздушните напади била и воздушната воена база Думејр во Дамаск и дека повеќето од проектилите биле погодени.

По нападот со хемиско оружје на режимот на Асад на 7 април на подрачјето Дума во Источна Гута кое се наоѓа под опсада, во кој загинаа 78 цивили, САД, Англија и Франција во саботата извршија воздушна операција на базите во Дамаск, Хомс и Алепо.

Режимот соопшти дека повеќето од проектилите по нападот на 14 април биле погодени од страна на воздушно одбранбените системи.



Слични вести