Тилерсон:Ќе продолжиме да соработуваме со нашите сојузници, како што е Турција

Државниот секретар за надворешни работи на САД, Рекс Тилерсон посочи дека САД ќе продолжат да соработуваат со своите сојузници, вклучувајќи ја и Турција.

Тилерсон:Ќе продолжиме да соработуваме со нашите сојузници, како што е Турција

Државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон, рече дека САД ќе продолжат да бидат присутни во Сирија сè додека терористичката организација ДЕАШ целосно не биде поразена.

„Ќе продолжиме со военото присуство додека ДЕАШ не биде целосно поразен во Сирија. Ние нема да ја повториме грешката од Ирак во 2011 година“, рече Тилерсон.

Тој посочи дека САД ќе продолжат да соработуваат со своите сојузници, вклучувајќи ја и Турција.

„Ние ќе продолжиме да работиме со нашите сојузници, како што е Турција. Ќе ја земеме предвид загриженоста на Турција околу терористите на ПКК“, рече Тилерсон.

Тој додаде дека САД веруваат дека Турција, исто така, треба да учествува во градењето на иднината на Сирија.

„Знаеме за хуманитарната помош што Турција ја пружа во Сирија. Имаме потреба од Турција за да ја изградиме иднината на Сирија“, рече американскиот државен секретар.

Од друга страна, заменик-премиерот и портпарол на Владата на Република Турција, Бекир Боздаг, по седницата на владата, претходно рече дека е исклучително важно САД веднаш да прекинат со поддршката на ПЈД/ЈПГ.



Слични вести