Процесот Астана и турската воена офанзива на Африн

Генерално во Сирија на повидок е се динамични настани.По најавата на претседателот Ердоган офанзивата на Африн е можна во секој момент.

Процесот Астана и турската воена офанзива на Африн

Во рамките на процесот Астана чии гаранти беа Турција,Русија и Иран се презедоа важни чекори во правец на намалување на затегнатоста во Сирија.Овие чекори се сметаат за најважни досега преземени во текот на 6 годишната граѓанска војна во Сирија.Со договор на трите земји беа утврдени зони во Сирија прогласени за неконфликтни, а освен тоа во Сочи со учество на претставници од сите етнички и верски групи во Сирија беше договорено да се свика Национален мировен конгрес, но за жал судирите кои што во последно време се случуваат во Идлиб инаку прогласен за неконфликтна зона, како да му предизвикуваат проблеми на процесот зацртан во Астана.

Асадовите сили со поддршка на милицијата и руската воздушна поддршка освоија неколку населени места во околината на Идлиб. Напредувањето на прорежимските милициски сили кон аеродромот Ебу Зухур делумно е запрен со офанзивата на силите на сириската опозиција. Турското министерство за надворешни работи соопшти дека нападите на Идлиб се косат со спогодбата која што се однесува на  бесконфликтните зони.

Турција бара од Русија таа да изврши притисок врз режимот во Сирија и да се запрат воените офанзиви. Контранападите на силите на сириската опозиција поддржани од Турција во Идлиб претставуваат вид предупредување до Русија и до режимските сили на Асад.

Од друга страна претседателот Реџеп Тајип Ердоган со неговите последни изјави за Африн најавува можна турска воена интервенција на Африн.Најавувајќи воена операција на Африн и Мунбич во секој момент претседателот Ердоган рече :Ако даде Аллах утре или задутре,едно по едно ќе ги уништиме терористичките гнезда во Авфин, Мунбич и во другите подрачја во Сирија. По оваа изјава на претседателот Ердоган претставник на силите на слободната сириска армија соопшти дека 20 000 припадници на армијата секој момент очекуваат наредба за акција.

Многу важна беше и следната изјава на претседателот Ердоган упатена на адреса на Вашингтон.Тој рече: Немојте да застанете меѓу нас и терористите, и меѓу нас и чопорот убијци.Во спротивно ние нема да одговараме за несакани случувања. Самите симнете ги вашите знамиња од базите на терористите за да не бидеме принудени ние да го направиме тоа наместо вас.Откинете ги симболите на терористите од униформите на вашите војници за да не мораме да ги погребаме со терористите.

Оваа изјава на претседателот Ердоган е мошне значајна од аспект на решителноста на Турција.

САД како што најавија планираат да формираат армија од 30 000 војници кои ќе бидат под команда на ЈПГ.Тие таа армија ја нарекуваат „Армија за заштита на границата“.Ова покажува дека Америка се откажа од територијалниот интегритет на Сирија и дека терористичката организација ЈПГ планира да ја вклучи во ликвидирање на другата терористичка организација, ДЕАШ. На тоа жестоко се спротивставуваат Турција, Русија, Иран, силите на сириската опозиција и режимските сили на Асад.

Основната идеја на процесот што започна во астана е да се зачува територијалниот интегритет на Сирија. Американската одлука за воспоставување на „Армија за заштита на границите“ покажува дека Вашингтон се откажа од заштитата на територијалниот интегритет на Сирија што се коси со договорот во Астана.Очигледно дека овој потег на Вашингтон се повеќе го оддалечува од останатите сојузници,што го тера да тргне во потграга по нови сојузници ,во случајот Саудиска Арабија,  Обединетите Арапски Емирати, Израел и другите земји од Персискиот залив.

Познато е дека милитантите на ЈПГ во Африн многу поблиску контактираат со Русија отколку со САД, па дека и дури кај нив се забележуваат руски војници.После изјавите на претседателот Ердоган, од Москва пристигнаа умерени изјави. Портпаролот на Пентагон пак на едно новинарско прашање одговори дека Африн не спаѓа во полето на американската воена операција.

Во секој момент може да започне турската воена операција на Африн,поддржана од силите на сириската опозиција.Не е познато до каде ќе оди операцијата, се претпоставува дека со неа ќе бидат опфатени и подрачјата во неговата околина. Населението во Африн и околината се состои од Арапи.Тие ги напуштија своите домови и живеат во кампови за бегалци во Турција. Тие веќе долго време како бараат од Турција и од силите на сириската опозиција да го ослободат Африн и населбите во околината од опсадата на ЈПГ.

Генерално во Сирија на повидок е се динамични настани.И покрај прекршувањата на договорот од Астана од страна на режимските сили на Асад тој и понатаму продолжува да се спроведува на инсистирање на земјите гаранти Турција,Русија и Иран. По најавата на претседателот Ердоган офанзивата на Африн е можна во секој момент.

Автор на коментарот Џан Аџун



Слични вести