Во Казахстан прогкласена итна состојба

Губернијата предложи да се запре работното време во државните установи

Во Казахстан прогкласена итна состојба

Во Астана, главниот град на Казахстан е прогласена итна состојба поради силната снежна бура.

Според соопштението кое беше објавено од страна на Метеоролошкиот завод на Казахстан, интензитетот на паѓањето на снежната бура ќе достигне 30 метри во секунда а температурата на воздухот ќе се намали до минус 25 степени.

Како резултат на остриот пад на температурата Губернијата на Астана прогласи итна состојба.

Губернијата предложи да се запре работното време во државните установи, а исто така соопшти дека ги затворила патиштата кои водат кон Астана.

Од управата за едукација на Губернијата на Астана беше објавено соопштението дека како последица на лошите временски услови, направиле пауза во образованието.

Во соопштението кое беше објавено на веб страницата на Меѓународниот аеродром Нурсултан Назарбајев беше истакнато дека биле одложени авионските летови поради безбедносни причини.

Зимата во Астана трае околу 5 до 6 месеци и по Улан Батор (Монголија) важи за најстуден втор главен град во светот.



Слични вести