Ирачката армија и силите на Хашди Шаби се стационираат во Киркук

Оддалеченоста меѓу пешмергите и припадниците на ирачката армија и силите на Хашди Шаби изнесува само 3 км

Ирачката армија и силите на Хашди Шаби се стационираат во Киркук

Безбедносната агенција на Регионалната курдска управа на северот на Ирак соопшти дека ирачката армија и силите на Хашди шаби се стационираат во Киркук и планираат да ги контролираат нафтените извори и воениот аеродром.

Безбедносната агенција во соопштението преку профилот на твитер соопшти дека ирачката армија и силите на Хашди Шаби во селото Бешир и гратчето Тазехурмату јужно од Киркук стационираат тенкови, топови, хамери и друг вид тешко оружје.

Во соопштението беше истакнато дека ирачката армија и силите на Хашди Шаби со воените сили што ги стационираат јужно од градот планираат да ја преземат контролата над нафтените извори, аеродромот и воените бази кои се наоѓаа под контрола на пешмергите.

Во соопштението меѓудругото беше истакнато дека оддалеченоста меѓу пешмергите и припадниците на ирачката армија и силите на Хашди Шаби изнесува само 3 км.

Командантот на пешмергите на Западниот фронт на Киркук Кемал Керкуки во интервјуто за Агенцијата Анадолија (АА) рече дека силите на Хашди Шаби напредуваат кон јужните предели на градот и дека во областа владее воена напнатост.

Командантот Киркуки меѓудругото рече дека силите на пешмергите се стационираа на позициите и дека се спремни да возвратат на евентуална интервенција.

 Во врска со последната состојба во Киркук, командантот Киркуки рече дека некои граѓани доброволно се приклучија кон редовите на пешмергите и дека против евентуалното влегување на силите на пешмергите во градот.

Ирачкиот премиер Хајдар ал-Ибади во изјавата за печатот во врска со прашањето рече дека ирачката армија оружјето нема да г впери кон народот и дека нема да започнат војна со Курдите.

Во меѓувреме, беше извршен вооружен напад на канцеларијата на Партијата на исламската кауза на Ирак чиј член е и премиерот Хајдар ал-Абади.

Претставникот на полицијата на Киркук Неџдет Вендави рече дека во нападот нема жртви.

Вендави рече дека во нападот беше оштетена зградата на партијата и дека во последно време расте нивото на сличните напади и врз Туркменските политички организации.

Полицијата ги засили безбедносните мерки во подрачјето каде беше извршен нападот, рече Вендави.



Слични вести