Економијата на светот 24-2017

Дали на Блискиот Исток се формира нова равенка во врска со Катар?

Економијата на светот 24-2017

Во последните неколку денови на Блискиот Исток владее една поинаква раздвиженост. Имено почнувајќи од 5 јуни, Заливските земји Египет, Обединетите Арапски Емирати, Јемен, Либија и Бахреин под водство на Саудиска Арабија донесоа заедничка одлука за прекин на сите дипломатски односи со Катар. Оваа ситуација преставува предвесник на една голема криза бидејќи сферата на влијанието на истата се прошири надвор од Заливските земји. Како последица на ставот на наведените 6 земји, останатите земји во регионот и пошироко постепено почнаа да спроведуваат санкции врз Катар. Јордан донесе одлука да го намали нивото на односите. Сенегал и Малдивите исто така соопштија дека ги прекинале односите со Катар. Мароко соопшти дека ги прекина авионските летови за Катар. Израел ги фали санкциите против Катар. На тој начин се повеќе се вложуваат напори Катар да се изолира и притисне во ќоше. Која е причината поради што Катар е мета? Како наведените земји наеднаш зазедоа заеднички став против Катар? Кои се причините поради санкциите кои се преземени и колку се реални? Зарем се вложуваат напори регионот да се преструктуира врз основа на Катар?  Ако изнајдеме одговор зошто Катар наеднаш стана мета на санкции, тогаш многу лесно ќе најдеме и одговор на сите наведени прашања.

Зошто на мета се најде на Катар?

Катар како резултат на богатите резерви на јаглеводород и големите енергетски инвестиции во последните 20 години, успеа да ја развие економијата и да се стекне со потенцијал на регионална сила. Катар толку многу се разви така што од економски аспект се искачи на ниво да може да се натпреварува со Обединетите Арапски Емирати, додека од политички аспект со Саудиска Арабија. Во суштина, конкуренцијата меѓу Катар и Саудиска Арабија не се заснова само на политичка основа. Нивната конкуренција датира уште од порано особено со падот на цената на нафтата во последните години. Саудиска Арабија чија економија претежно се базира на производството на нафта и важи за една од најголемите производители и извознички на нафта, како последица на падот на цената на нафтата требаше да ги реши економските тешкотии со кои се соочи. Затоа како цел за остварување на своите интереси, Саудиска Арабија ја избра Катар која земја од аспект на популацијата и големината е една од најмалите земји во регионот и земја членка на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК). Бидејќи наместо директно да ја земе за цел Катар која земја не беше во услуга на нејзините интереси и важеше за неранимајко и непослушно дете, ќе беше поповолно да ја земе во позадина и да ја изолира.

Гледано од тој аспект ќе биде од корист да направиме и анализа на енергетскиот профил со кој располага Катар. По Русија и Иран, Катар е трета земја во светот која располага со најголеми резерви на земен гас. По Катар на списокот се наоѓаат Америка и Саудиска Арабија. Катар како земја која што располага со околу 24,530 милијарди метри кубни земен гас, како резултат на малубројната популација од 2,5 милиони жители, поголемиот дел од земниот гас што го произведува го извезува. Благодарение на големите инвестиции во последните 20 години особено во сферата на производството на течен земен гас (ЛНГ) како и зголеменото производство, Катар се стекна со карактеристика на 4-та земја најголем производител на природен гас во светот и од 2006 година наваму важи за најголем извозник на течен земен гас. Катар како земја основач на пазарот на течен земен гас важи за 8-ми најголем извозник на нафта.

Како резултат на извозот што го остварува, Катар се стекна со позиција на земја која бележи најголем економски раст и највисок национален приход по глава на жител. Катар во извозот на течниот земен гас не се ограничи само со постоечките гасоводи, туку истовремено користи и големи бродови танкери за извоз на гасот, поради што воспостави односи и со другите земји во светот, а кои не се толку блиску. Ваквиот приод пак предизвика незадоволство кај останатите предводнички земји извознички на фосилни горива.

Благодарение на медиумската група Ал Џезира како и стекнувањето со меѓународна репутација, земајќи ја во предвид и економската сила со која располага, Катар се искачи на ниво на значаен и силен политички актер.

Од друга страна пак, добрите односи и блискоста со Турција како земја која што важи за една од позначајните актери во регионот и бележи постојан развој, взаемната соработка во градежништвото, енергетиката и низа други сфери, обилните инвестиции на Катар во Турција, предизвикаа незадоволство кај останатите Заливски земји.

Земајќи ги во предвид сите наведени податоци, тогаш многу полесно можеме да ја сфатиме вистинската причина поради санкциите кои се преземаат против оваа земја. Затоа слободно можеме да кажеме дека случувањата во регионот не се некоја новина, туку продолжение на искористувањето на земјите во регионот од страна на глобалните сили за остварување на своите интереси. Со тоа се планира да се спречи обидот на Катар за евентуална промена на досегашната рамнотежа во регионот. Суштинската цел е да се спречи евентуалната промена на досегашниот поредок и сферите на влијание и интереси во регионот. Но не треба да се заборави дека ако денес Катар се обиде да ги промени овие рамнотежи, во иднина некоја друга земја ќе се обиде да го стори тоа. Затоа глобалните актери и сили вложуваат напори да ги земат под контрола сите земји кои што имаат потенцијал да ја промената досегашниот поредок.



Слични вести