Во виорот на тероризмот

Кога ќе научиме да не правиме разлика меѓу мојот терорист и твојот терорист, и сите терористи ќе ги сметаме за еднакво опасни ,дури тогаш ќе можеме да постигнеме успех во борбата против тероризмот

Во виорот на тероризмот

Тероризмот како негативна и деструктивна општествена појава може да се каже дека за жал е стар исто колку и самото човештво.Тероризмот започнува со убиството на Хабил од страна на Кабил, и двајцата синови на Адам.

Тероризмот периодично го заробува животот на човекот. Луѓето почнувајќи од 1960’тите години од кога започна светскиот поредок креиран на масата на Јалта се спротивставуваат на тероризмот. Бранот насилство се шири во цела Европа со младинските движења од 1968 година.

Тероризмот денеска се побрзо се шири кон центрите на глобалната моќ ,иако се настојува да делува во границите на муслиманските држави или во африканските или латиноамериканските држави.

Тероризмот постојано настојува да владее во одреден број на земји претежно во Азија, Латинска Америка и во муслиманските држави. Голем број на светски државници станаа жртви на тероризмот како што беа на пример Патрик Лумумба претседател на Демократска Република Конго  ,потоа премиерот на Чиле Салвадор Аљенде, премиерот на Италија Алдо Моро, претседателот на Либан  Рефик Харири и други.

Денес најопасната терористичка организација ФЕТО и нејзиниот лидер Фетулах Ѓулен егзистираат во САД во државата Пенсилванија. Не треба да се заборави дека оваа терористичка организација беше извршителот на обидот за воен удар на 15 јули минатата година во Турција со намера да биде ликвидиран и претседателот на  републиката. Терористите на ФЕТО употребувајќи воени авиони, воени хеликоптери, тенкови, топови ноќта на 15 јули планираа да го киднапираат и да го ликвидираат претседателот Ердоган, избран со мнозинство гласови на граѓаните. Турскиот народ застана во одбрана и постави жив ѕид жртвувајќи се за демократијата. За жал западниот свет освен Британија  долго време не реагираше на терористичкиот напад на кој беше изложена Турција и турскиот народ. По претседателот на Русија Владимир Путин, Британија беше единствениот сојузник на Турција која реагираше на обидот за воен удар во Турција.

Интересно е тоа што терористите ноќта на 15 јули кога убиваа невини граѓани, поранешниот американски генерал, кој беше во екипата на сегашниот американски претседател Доналд Трамп, Мајкл Флин тогаш мошне пофално се изразуваше за терористите на ФЕТО.Турскиот народ беше изненаден од соопштението на тогашниот американски претседател Барак Обама. Дури и НАТО на сосема тивок глас и тоа неколку дена после воениот удар се огласи.

Турскиот лидер Ердоган уште пред да биде цел на терористичката организација ФЕТО пред многу години го предупредуваше светот на опасноста и заканата од тероризмот. За жал ниту една земја од т.н. западен клуб не обрнуваше на тоа големо внимание. Чудно е тоа што терористите кои убија голем број генерали, високи офицери, војници и цивили во Турција засолниште пронајдоа во западните сојузници на Турција. Тие и ден денеска сосема комотно си живеат во една од овие западни земји,инаку сојузници на Турција. Како да тоа не е доволно некои од нив дури добија и пасоши од земјите во кои што се засолнаа.

И покрај тоа што претседателот Ердоган често ги предупредуваше и предупредува западните земји на опасноста која им се заканува од тероризмот ,тие не најдоа за потребно да го поддржат. Но не помина многу време а престолнините на овие западни земји навлегоа во вртлогот на тероризмот давајќи му жртви.

Париз, Берлин, Брисел, Лондон беа цели на терористички напади, така да во Европа се прошири стравот кој град ќе биде следниот на метата на терористите.

Европа која дава толку жртви на тероризмот, наместо да се дистанцира од тероризмот за жал ги обвинува другите за тероризам. Се прашуваме која би била реакцијата на САД ако терористичкиот водач кој усмрти 350 американци живееше во една азиска, афричка,латиноамериканска или африканска држава?

Силите ИСАФ предводени од САД извршија инвазија на Авганистан само затоа што тие не сакаа да го предадат Бин Ладин.

Ако е тоа така тогаш некој треба да одговара и за терористите кои убија невини луѓе во Турција,а кои денес сосема слободно си живеат во Берлин.

Кога ќе научиме да не правиме разлика меѓу мојот терорист и твојот терорист, и сите терористи ќе ги сметаме за еднакво опасни ,дури тогаш ќе можеме да постигнеме успех во борбата против тероризмот. Во спротивно целиот свет ќе трпи од билките кои ќе ги предизвикува тероризмот.



Слични вести