Блискиот Исток низ призмата на Турција 21-2017

Одразот на средбата Ердоган – Трамп врз Блискиот Исток

Блискиот Исток низ призмата на Турција 21-2017

Пред извесен период претседателот на републиката Реџеп Тајип Ердоган престојуваше во официјална посета на САД и одржа средба со американскиот претседател Доналд Трамп. Во рамките на денешната програма ќе говориме за средбата Ердоган – Трамп и одразот врз Блискиот исток вели авторот на програмскава серија Џемил Догач Ипек, асистент и истражувач на одделот за меѓународни односи при Ататурковиот универзитет.

По официјалните посети на Индија, Русија и Кина, претседателот Ердоган престојуваше и во официјална посета на САД. На тој начин Ердоган и Трамп првпат се сретнаа лице в лице. Посетата беше проследена со големо внимание и интересирање како во Турција така и во регионот. Според првите впечатоци кои беа објавени во медиумите, средбата и разговорите поминаа поволно.

Гледано од аспект на изјавите на двајцата лидери можеме да се каже дека двајцата лидери говореа далеку од напнатоста меѓу двете земји и изнесоа желба за унапредување на соработката. Двајцата лидери не можеа да постигнат согласност во однос на американската поддршка на ПЈД/ЈПГ, која беше една од главните теми на разговорите во рамките на посетата. Додека во однос на другите теми беше постигнат одреден напредок во однос на периодот на Обама.

Како што можеше да се разбере од разговорите, САД и натаму продолжува ПКК да ја смета за терористичка организација, но за жал исто така ќе продолжи да соработува со сириската фракција ПЈД/ЈПГ на сепаратистичко-терористичката организација ПКК и нема да се врати од ставот да даде тешко оружје на приврзаниците на оваа организација. САД е решителна борбата против терористичката организација ДЕАШ и операцијата на Рака да ја изврши со помош и посредство на ПЈД/ЈПГ. САД тврди дека тешкото оружје што му го даде на ПЈД/ЈПГ ќе се употреби само во операцијата на Рака и дека по ослободувањето на Рака, ПЈД/ЈПГ нема да учествува во управата со подрачјето. На тој начин официјално на Турција и даде гаранција дека во подрачјето нема да се формира коридор за терористичката организација ПКК. Но како последица на искуството што беше доживеано во случајот со Мунбич, во Турција владее оправдано сомнение. Во врска со прашањето претседателот Ердоган рече дека САД постојано го изнесува истото, но ние гледаме на имплементацијата на дадените ветувања на терен. Затоа во случај да биде прекршен појасот што го формиравме и е исчистен од терористите во Сирија, односно биде извршен евентуален напад, тогаш согласно правилата за ангажирање, без да прашаме некој ќе ги гаѓаме целите. Со оваа изјава Турција подвлече дека нема да се држи кон дадените изјави, туку имплементацијата на терен. Во суштина, самата одлука на САД за поддршка на ПЈД/ЈПГ се коси со принципите на американско-турските односи, заедничката борба против тероризмот и иднината на Сирија. Како последица на овие погрешни одлуки, постепено расте антиамериканско расположение на Блискиот Исток.

Денес САД и западните раководители и медиуми се обидуваат да направат имагинарна дистинкција меѓу терористичките организации ПКК и ПЈД/ЈПГ. Без оглед на сето она што ќе се направи, ПЈД/ЈПГ е терористичка организација и сириска фракција на терористичката организација ПКК. Секако дека постојат неприкосновени факти кои ја докажуваат оваа вистина. До пред само една година, на седница на американскиот конгрес по повод прифаќањето на функцијата на поранешниот американски државен секретар за одбрана Ештон Картер му беше поставено прашањето: Дали навистина постои сериозна врска и поврзаност меѓу ПЈД/ЈПГ и ПКК?, - на што Картер одговори: Да.

Изминатите денови во еден од позначајните американски медиуми „The Atlantic“ беше објавена статија во врска со фактот дека ПЈД/ЈПГ претставува фракција на ПКК во Сирија. Автор на статијата објавена на 11 мај беше поранешниот американски амбасадор во Сирија, Роберт Форд кој потенцираше дека ПЈД беше формирана во 2003 година од страна на лидерите на ПКК на планината Кандил. Во статијата со конкретни докази се објаснува врската и поврзаноста меѓу ПКК, КЏК и ПЈД/ЈПГ. Еден претставник на ПЈД во интервју за „Волстрит џорнал“ имаше истакнато дека бил поранешен член на ПКК. Поранешниот амбасадор Форд истакнува дека администрациите на Обама и Трамп до пред одреден период го изнесуваа тврдењето дека ПЈД/ЈПГ и ПКК наводно се различни организации. Форд истакнува дека ПЈД со стекнувањето автономност на северот на Сирија ќе обезбеди стратешка длабочина за нападите на ПКК против Турција. Милитантите кои се обучуваат во северна Сирија, извршија напади во Истанбул, Анкара и Бурса, се истакнува во статијата. Американската поддршка на една терористичка организација во борбата против друга терористичка организација претставува слабост на политичката конзистентност и истата оваа политика предизвикува губење на довербата во поимот „заедничка борба против тероризмот“. Згора на тоа во статијата се истакнува дека ПЈД не е баш толку демократски настроена организација како што се тврди, напротив ПЈД дури не им дозволува на останатите курдски групи во регионот да делуваат на политички план. Затоа САД и нејзината администрација треба да ги земе во предвид овие предупредувања без да биде предоцна.

Но и покрај се, посетата на претседателот Ердоган на САД има и поволни резултати. Најпрвин се укина неизвесноста која траеше одреден период во турско-американските односи кои се наоѓаа на прагот на кризата и се нормализираа. На тој начин започна еден нов период во односите меѓу Турција и САД. На прашањето: Дали во новиот период односите меѓу двете земји ќе можат повторно да се искачат на стратешко ниво? Моментално многу тешко е да се даде точен одговор на ова прашање. Најголема улога во определувањето на текот на односите во новиот период ќе одиграат политичките, воените чекори и особено случувањата во Сирија, вели авторот на програмскава серија Џемил Догач Ипек, асистент и истражувач на одделот за меѓународни односи при Ататурковиот универзитет.



Слични вести