Странски печат 19.01.2018

Кус осврт на странскиот печат

Странски печат 19.01.2018

Американскиот интернет портал Туркиш/Американ пишува дека, претседателот Реџеп Тајип Ердоган изјавил дека операцијата за ликвидирање на терористите која отпочна со воената офанзива на турските вооружени сили Штитот на Еуфрат ќе продолжи со реализирање на воената операција на Африн.

Радиот Глас на Германија на интернет страница објави изјава на портпаролот на Претседателството на Република Турција Ибрахим Калин кој вели дека загрижува американската воена поддршка на терористичките организации ЈПГ/ПЈД воени крила на терористичката организација ПКК во Сирија.

Руски Спутник пишува дека турција е решителна да ја отстрани секаква опасност која би произлегувала од формирање на армија на теророт од ЈПГ/ПЈД во северот на Сирија.

Кримската новинска агенција КХА пишува дека Турција ја отвори најголемата текстилна фабрика во Африка.

Американската телевизија СНН Интернешнл извести дека невработеноста во Турција е во пад и дека во октомври 2017 година невработеноста била помала за 1,5 посто во споредба со октомври 2016 годиона.

Германската новинска агенција ДПА пишува дека Турција планира годинава да отпочнат градежните работи за изградба на пректот Канал Истанбул кој што ќе ги поврзе Мраморното со Црното море, кај Истанбул.

Иранската новинска агенција ИРНА соопштува дека претседателот на турскиот парламент Исмаил Кахраман престојува во Техеран на 13.Парламентарна Конфедренција на Организацијата за Исламска соработка.

Радио Глас на Русија извести дека турскиот премиер Бинали Јилдирим реализира телефонски разговор со премиерот на Ирак Хајдар ел Ибади.Разговорот бил посветен на билатерални,регионални и меѓународни прашања. 

Француската новинска агенција АФП извести дека претседателот Ердоган на 5 февруари че го посети Ватикан.Посетата ќе се оствари по покана на Папата Франциско.

Руски ТАСС пишува дека според министерот за надворешни раб оти можно е проширување на воената операција во северот на Сирија.

Германски ДПА соопшти дека се обновуваат консултативните разговори меѓу Германија и Турција.

 Британски Ројтерс пишува: Турција предупреди дека ќе одговори на сите закани од сириска територија.

Киргиската новинска агенција Кабар известува: Турција во бишкек изгради болница наречена Турско-Киркиска болница на пријателство.Министерот за здравство на Киргистан Талантбек Батиралиев по тој повод изјавби дека во болницата пациентите ќе се лекуваат според најновите медицински достигнувања.

 

 



Слични вести