Странски печат 11.10.2017

Кус осврт на странскиот печат

Странски печат 11.10.2017

Американската новинска агенција АП во веста под наслов „ Ердоган рече дека уапсеното лице во американскиот конзулатсе агент“ истакнува дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган рече дека лицето вработено во амеирканскиот генерален конзулат во Истанбул,кое беше уапсено од турската полиција било агент и дека Турција има право да презема чекори пред една ваква внатрешна закана. Ердоган кој престојува во официјална посета на Србија на конференција за печатот на новинарско прашање во врска со случајот го постави следното прашање: „Како услееја овие агенти да влезат во американскиот нерален конзулат, кој им помогна да влезат таму?“

Руската новинска агенција РИА НОВОСТИ во веста под наслов „ Турскиот премиер говореше за воспоставување на контролни точки за примирје во Идлиб“ истакнува дека, премиерот на Република Турција Бинали Јилдирим иста кна дека турските вооружени сили уште од 8 октомври работеле на воспоставување контролни точки за контрола на спроведувањето на примирјето во Идлиб. Јилдирим кој што говореше на состанок на парламентарнта група на АК партијата во собранието на Турција ја потврди веста за тоа дека по кризата на релација Анкара-Вашингтон дојде до прекин на визниот режим,што не кореспондира со стратегиското партнерство кое функционира меѓу двата сојузници.

Иранската новинска агенција ФАРС НЈУЗ во веста под наслов „ МНР на Турција го одби барањето на американскиот амбасадор за прием“ истакнува дека министерот за правда на Република Турција Абдулхамит Ѓул изјавил дека го одбил барањето за прием на американскиот амбасадор во Анкара Џон Баас кој мошне арогантно се изразил за Турција. Овој горд став на Турција ги изненади многумина, коментира  агенцијата.

Германското радио Дојче Веле во веста под наслов „ММФ даде оптимистички изјави за општиот раст на Турција“ истакнува дека  ММФ даде позитивни прогнози за општиот раст на Турција како и за бруто националниот доход по глава на жител на Турција за идната 2018 година. Според фондот Турција во првиот крвартал од 2018 година ќе оствари вкупен раст од 3,5 посто, а годинава ќе ја заокружи со вкупен раст од 5,1 посто. Според ММФ општиот економски раст на САД во 2017 година ќе изнесува 2,2 посто а прогнозите за во 2018 се дека ќе изнесува 2,3 посто. ММФ ги ревидира прогнозите и за општиот раст на земјите од еврозоната, Јапонија, Кина и Русија кон погоре.

 

 



Слични вести