Во истанбулскиот Босфор се одржа 30-от меѓународен натпревар во пливање

Илјадници пливачи го препливаа Босфор од Азија во Европа

bogazici kitalararasi yuzme yarisi.jpg
bogazici kitalararasi yuzme yarisi.jpg
bogazici kitalararasi yuzme yarisi.jpg
bogazici kitalararasi yuzme yarisi.jpg
bogazici kitalararasi yuzme yarisi.jpg
bogazici kitalararasi yuzme yarisi.jpg

Во истанбулскиот морски теснец Босфор се одржа 30-от меѓународен натпревар во пливање со поддршка на Самсунг.

На натпреварот во пливање што започна од кејот Канлиџа на анадолскиот брег и се простираше се до кејот пред паркот Џемил Топузлу на кејот Куручешме на европскиот брег, а која патека беше долга 6,5 км учествуваа 2 419 пливачи од 55 земји.

Спортистите на натпреварот кој има за цел промоција на Турција и Истанбул, со стартот на министерот за младина и спорт Мехмет Мухаррем Касапоглу од кејот на Канлиџа на анадолскиот брег почнаа да пливаат во групи во водите на Босфор. На секој пливач на ногата имаше чип. Благодарение на овие чипови, беа утврдени времињата на пливачите за време на натпреварот по предвидената патека. Чиповите исто така беа од голема корист во случај на евентуален проблем да се преземе потребната  интервенција од страна на придружните екипи.

Првото место во машка категорија на организацијата која важи за една од најдобрите во отворена вода во генерален пласман го освои Догукан Улач од ТРСК со резултат од 46 минути 58 секунди. Турскиот пливач Ерге Џан Гезмиш со 47 минути 14 секунди го освои второто место, додека третото место со 47 минути 41 секунда го освои Американецот  Александер Костич.

Во генералниот пласман жени, турската спортистка Хилал Зејнеп Сарач со 50 минути 30 секунди гго освои првото место. Второто место со 50 минути 40 секунди го освои Бусе Топчу, додека третото место со 50 минути 50 секунди го освои Американката Еми Данцлер.

На крајот на натпреварот на спортистите кои влегоа меѓу првите три им беа доделени медали.



Слични вести