Турција на Европското првенство во одбојка ќе биде застапена со 10 екипи

Турција во женската категорија со 489,67 поени се најде на првото место, додека во машката категорија со 316,33 поени на 3 место

Турција на Европското првенство во одбојка ќе биде застапена со 10 екипи

Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) го објави бројот на екипите на земјите учеснички на Европските првенства во сезоната 2018-2019.

Во соопштението кое беше објавено од страна на одбојкарската конфедерација беше истакнато дека врз основа на поените кои ги освоија екипите ви Лигата на шампионите на ЦЕВ, Купот на ЦЕВ и Купот челнеџ на ЦЕВ, Турција во женската категорија со 489,67 поени се најде на првото место, додека во машката категорија со 316,33 поени на 3 место.

Според тоа, Турција во Лигата на шампионите на ЦЕВ во машката и женската категорија ќе биде застапена со по три екипи, додека во Купот на ЦЕВ и Купот Челенџ на ЦЕВ со по една екипа, вкупно 10 екипи.



Слични вести