Собранието на Македонија го ратификува договорот за името со Грција

Од вкупно 120 пратеници колку што брои македонското собрание, на седницата присустуваа 69 пратеници, и сите гласаа „за“ потпишаниот договор со Грција за спорот со името

Собранието на Македонија го ратификува договорот за името со Грција

Собранието на Република Македонија на денешната 51. Седница го ратификуваше Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство, јавува новинската агенција Анадолија (Anadolu Agency AA).

Од вкупно 120 пратеници колку што брои македонското собрание, на седницата присустуваа 69 пратеници, и сите гласаа „за“.

На седницата не присуствуваа пратениците од опозицијата.

Пред пратениците се обрати премиерот на Република Македонија Зоран Заев кој во своето обраќање порача дека пред три дена во Преспа е потпишан документ за крај на спорот што го попречуваше напредокот на Македонија, договор кој, како што рече означил почеток на крајот на неизвесноста.

Според премиерот Заев, постигнато е достоинствено и прифатливо решение за двете страни.

Инаку, во неделата министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров и грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас го потпишаа договорот за решавање на спорот за името според кој името на Република Македонија, односно Поранешна Југословенска Република Македонија ( FRYOM) ќе се промени во „Република Северна Македонија“.

Со потпишувањето на овој договор е ставено крај и на спорот помеѓу двете земји што траеше десетици години.

 



Слични вести